Украина: Прекрасно изгоре, уништивме ракетен систем во Русија со западно оружје

6b3dba04-1478-4c5c-95fa-5b9e9d9653dc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинските власти соопштија дека вчера успешно го погодиле рускиот ракетен систем „С-300“ користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран на руска територија, пишува CNN.

„Прекрасно изгоре. Тоа е руски „С-300“, на руска територија. И во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружје испратено од Западот на непријателска територија“, објави на Фејсбук министерката на украинската влада Ирина Верешчук и прикачи слики од наводниот напад.

Украина претходно гаѓаше цели на руска територија, но овој пат тоа го направи со западно оружје, што може да предизвика остра реакција на рускиот претседател Владимир Путин, кој минатата недела ги предупреди членките на НАТО дека треба „да бидат свесни со што си играат“ кога зборуваат за напади на територијата на Русија, пренесува медиумот.

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американско оружје за напади на руска територија, под услов тие да гаѓаат само цели во близина на границата во близина на Харков. По оваа одлука, Украина може да ја користи артилеријата „Химарс“, која и ја доставиле САД, за напади врз руски војници и командни центри во Русија, но сепак не е дозволено да користи американски системи со долг дострел.

Германија, Франција, Британија и некои други европски земји неодамна се одлучија на сличен потег. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали одлуката на Бајден и рече дека тоа е „чекор напред“ во одбраната на Харков.

Од друга страна, во интервју за Гардијан, тој јасно стави до знаење дека при напади на руска територија мора да има можност да користи моќно оружје со долг дострел – што е „црвена линија“ на САД. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг минатата недела изјави дека НАТО има право да и помогне на Украина во нејзиното право на самоодбрана и дека тоа не ја прави Алијансата учесник во војната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK