(Видео) Навивачи го прекинаа финалето, еден си направи „селфи“ со Винисиус

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 15. пат во својата историја. Во финалето одиграно на стадионот „Вембли“ во Лондон пред 86.000 гледачи Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Стрелци за Кралскиот клуб беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута од натпреварот. Финалето во Лигата на шампионите беше прекинато уште во првата минута …

Continue Reading

Според Села мал е бројот на ресори што ќе ги добие „Влен“, му одговорија дека е губитник, а иднината на албанскиот народ е сигурна

Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Влен (Вреди). На неговите политички опоненти, од кои дел до скоро му беа сопартијци им порача дека во минатото Албанците воделе најмалку 5,6 а на крајот и 8 од 16 министерства, а сега …

Continue Reading

Премиерката на Естонија: Немаме план Б ако Украина ја загуби војната

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека Естонија нема план Б доколку Украина ја загуби војната. „Не треба да се предаваме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО“, рече Калас во интервју за Би-Би-Си. Владата на Естонија …

Continue Reading

Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашното првенство. Пелистер во последното коло влезе со бод предност пред Вардар 1961. Пелистер го совладаа Алкалоид со 32:28, а во исто време Вардар славеше над Бутел со 31:25. Против Алкалоид, Пелистер уште на полувреме дојде до предност која му обезбеди мирно второт полувреме. Пелистер на полувреме водеше 18:13, во вториот дел …

Continue Reading

Бугарските медиуми: Фондација од Бугарија купи две-третини од куќата на писателот Димитар Талев во Прилеп

Две третини од родната куќа на писателот Димитар Талев во Прилеп купила приватна бугарска фондација „Манол Пејков и пријателите“. Ова е направено за речиси 84.000 евра собрани од донаторите. Преостанатата една третина е во сопственост на лице кое нема желба да ја продаде. Ова го соопштија бугарските медиуми БГНЕС и Нова ТВ. Претходно, на 26 мај беше објавено дека се …

Continue Reading

(Видео) Родители се тепаа во Детската лига, ФФМ забрани публика

По денешниот инцидент на завршниот турнир во Детската лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи понатамошните натпревари од Детската лига да се одиграат без присуство на публика.   На еден од терените на ФММ во Ново Лисиче, на натпреварот меѓу Сарај и Фит Кид, генерација 2012 година, се случи тепачка меѓу родители. Родителите се тепаа на теренот, додека децата гледаат. …

Continue Reading

(Видео) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

Невреме вчера и денеска погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер. Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите. Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија, Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих …

Continue Reading

Од денес и за Македонците уште полесно до работа во Германија

Работниците од земјите кои не се членки на ЕУ од денеска, 1. јуни ќе можат да аплицираат за „карта за шанси“ која им овозможува да дојдат во Германија и да бараат работа до една година. Од „картата за шанси“ и проширување на Западнобалканско правило ќе профитираат и работниците од Македонија, пишува „Дојче Веле“. „Картата за шанси“, која беше најавена пред …

Continue Reading

Насилство во Карпош: приведени две лица поради тепачка, а се заканувале и со остар предмет

Вчера попладне во скопски Карпош, полицијата ги приведе М.П.(52) и С.О.(43), двајцата од Скопје. „Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, во која М.П. се заканувал и со остар предмет“, објави МВР во дневниот билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading