Дачиќ му упати сочувство на Иран за смртта на претседателот Раиси: Бев шокиран од веста

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ упати сочувство до раководството и народот на Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан. „Бев шокиран од веста за трагичната смрт на претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, како и членовите на неговата висока делегација. Иранскиот народ загуби …

Continue Reading

За пари, син со нож му се заканувал на таткото во Велешко

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот. На …

Continue Reading

Гардијан: Судот во Лондон ја одобри жалбата на Џулијан Асанж, тој се уште нема да биде екстрадиран во САД

Џулијан Асанж извојува победа во тековната борба против екстрадицијата од Велика Британија, откако судиите на Високиот суд во Лондон го одобрија неговото жалбено барање, пишува Гардијан. Двајца судии, пишува Гардијан, ја одложија одлуката во март за тоа дали Асанж, кој се обидува да го избегне судењето во САД за обвиненијата за шпионажа поврзани со објавувањето на илјадници тајни и дипломатски …

Continue Reading

Мицкоски-Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата. „Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но …

Continue Reading

Ги убил двајцата внуци па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија

Трагедија се случи во мал шпански град откако пензионер ги уби своите двајца внуци, на возраст од 10 и 13 години, пред да се самоубие – два месеци откако неговата сопруга и ќерка загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел. Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата. Нивните три тела беа …

Continue Reading

ЕВН Македонија волонтираше во рамки на еколошката акција “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24”

Вработените на ЕВН Македонија волонтираа во рамки на најголемата еколошка акција во земјава за чистење на отпад “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24”. Четириесетте волонтери собираа отпад на локацијата околу хидроцентралата „Матка“ и Изложбениот центар „Матка“. Приклучувањето кон оваа акција го одразува контуинираниот придонес на компанијата во минимизирање на негативните влијанија и зголемување на позитивното влијание врз животната средина и општеството во целина. …

Continue Reading

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Светските цени на златото повторно пораснаа на ново рекордно ниво бидејќи денеска на берзата во Њујорк Comex достигнаа цена од 2.449,89 долари за унца. Како што пренесува Ројтерс, растот на цените на златото бил поттикнат од очекувањата дека американската централна банка ФЕД наскоро ќе ги намали каматните стапки поради минатонеделните податоци за забавување на стапката на инфлација во Соединетите Американски …

Continue Reading

Приведен крадец во Охрид, одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(36) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е здржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против …

Continue Reading

Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра

По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за криумчарење најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и криумчарење на разновидна „комерцијална“ стока преку граница. Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање на поголем …

Continue Reading