(Видео) Барнли испадна од Премиер лигата

Саботните попладневни натпревари во Премиер лигата ја разрешија дилемата кој се сели во Чемпионшип заедно со Шефилд Јунајтед. Барнли по само една сезона се враќа во Чемпионшип дивизијата. Барнли беше поразен на гостувањето кај Тотенхем со 2:1 (1:1), додека на прагот на Чемпионшип е и Лутон, кој во Лондон беше поразен и од Вест Хем со 3:1 (0:1). Ако Нотингем …

Continue Reading

Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот

Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување. Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот. Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија. Во четвртокот, кога претставничката на …

Continue Reading

(Видео) Нестварен пресврт на Келн, живи надежта за опстанок во Бундес лигата

Фудбалерите на Келн со се вртија по неагтивата од два гола против Унион Берлин и во пресрет на последното коло во Бундес лигата ги задржаа шансите да останат во лигата. Унион, кој сезонава одигра солидно во групната фаза од Лигата на шампионите, одлично го започна натпреварот во Келн. По 19.минути игра гостите од престолнината имаа водство 0:2. Стрелци Кнохе во …

Continue Reading

Силен земјотрес го погоди Азербејџан

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ). Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители. Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Continue Reading

На свечена церемонија, утре Пендаровски ќе и’ ја предаде функцијата на Силјановска-Давкова

Во Кабинетот на претседателот, утре – 12 мај ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести. По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски предвидено е да остварат тет-а-тет средба. Државната изборна комисија денеска и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. ДИК ќе треба да …

Continue Reading

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“, со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници на декларација во која уверуваат дека ќе владеат заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата рече дека декларацијата била потпишана …

Continue Reading

УЕФА ќе го казни судијата кој Баерн го чинеше испаѓање од ЛШ

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите го оштети Баерн во судиското продолжение против Реал Мадрид, требаше да биде еден од клучните судии на УЕФА на претстојното Европско првенство, но поради оваа грешка го загуби тој статус, пишува „Дејли Мирор“. Марчинијак, длабоко во судиското надополнување, ја прекина акцијата од која Де Лигт погоди за …

Continue Reading

(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка

Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо. Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун. Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а …

Continue Reading

Тинејџерка натепана од партнерот во Чаир

Деветнаесетгодишна девојка пријавила дека пред два дена околу 23.00 часот во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер А.С.(21), кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading