Нан го продолжи договорот со Панатинаикос

Американецот Кендирк Нан денеска, како што беше најавено, потпиша нов договор со Панатинаикос. Нан, кој го однесе Панатинаикос на завршниот турнир во Евролигата, имаше желба да се врати во НБА веќе летово, но како што изјави му се допаѓа Европа, Атина и Панатинаикос. Тој е еден од најдобрите играчи во Евролигата во моментов и е фигура која може да ја …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

44-годишна жена од валандовско смртно прегазена во струмичко

Вчера во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско. По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид …

Continue Reading

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2080 избирачки места за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека од вкупно запишани 1.096. 219 гласачи на овие избирачки места гласале 141.087 гласачи односно 12,87 отсто. Најголем одѕив за претседателските избори има во Пробиштип 27,85 отсто, а најмал е одѕивот во Липково 1,76 отсто. „Може да …

Continue Reading

Над 300 набљудувачи го следат изборниот процес

Со повеќе од 300 набљудувачи од 25 држави ОБСЕ го следи изборниот процес на избор на парламентарен состав и за претседател на државата. За утре во 15:00 часот е закажана прес-конференција на која ќе бидат објавени прелиминарните податоци за текот на изборниот процес. Специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе им посака успех на гласачите и рече дека ќе ги следат …

Continue Reading

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Борусија Дортмунд е во финалето на Лигата на шампионите. Двата полуфинални натпревари против ПСЖ, Борусија ги доби со 1:0. На „Паркот на принцовите“, победникот го реши голот што го постигна Матс Хумелс во 50. минута. Ова ќе биде трето финале во Лигата на шампионите за Борусија. Во првата, во 1997 година, го победија Јувентус со 3:1, а во 2013 година …

Continue Reading

Пешак удрен во Битола, со тешки повреди пренесен на клиника

Вчера во 10.43 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од булевар „1 Мај“ и ул.„Столарска“ во Битола, патничко моторно возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(77) од Битола, удрило во пешакот Д.Ј.(53) од Битола. Во несреќата Д.Ј. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила …

Continue Reading

Видео на денот – Марко Ројс како водач на навивачите

Борусија Дортмунд ја пишува приказната на сезоната во Европа, а во центарот на вниманието е клупската легенда Марко Ројс. Во пресрет на реваншот со Пари Сен Жермен, Ројс официјално објави дека го напушта саканиот клуб на крајот на сезоната, по истекот на договорот. Не можеше да замисли подобро збогување од финалето на Лигата на шампионите на „Вембли“, каде што беше …

Continue Reading

Шолц: Мирот на Балканот не е нешто што се зема здраво за готово

Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува ДВ. Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија пред се зависи од условите што земјата-членка мора да ги исполни на патот кон таа …

Continue Reading

Гобер повторно е најдобар дефанзивец во НБА

Руди Гобер (31) по четврти пат во кариерата, а првпат во дресот на Минесота Тимбервулвс, е избран за најдобар одбранбен кошаркар во НБА. Французинот се израмни со Дикембе Мутомба и Бен Валас на вечната листа. Доколку уште еднаш ја добие престижната индивидуална награда, ќе стане апсолутен рекордер. Како и досега, мислењата и овојпат беа поделени околу тоа дали центарот на …

Continue Reading