Белата куќа: Огорчени сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Белата куќа соопшти дека е огорчена од израелскиот воздушен напад врз Газа во кој загинаа седум лица кои работеа за World Central Kitchen (WCK), и дека американскиот претседател Џо Бајден му се јави на основачот на добротворната организација за да му изрази сочувство. „Бевме огорчени кога дознавме за нападот на ИДФ во кој вчера загинаа голем број цивилни хуманитарни работници“, …

Continue Reading

Ковачевски: Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски

Победата почнува тука, денеска, победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на конвенцијата за промоција на програмата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Тој е прогресивен претседател, верува во прогресивна Македонија и не се откажува од европската иднина, додаде Ковачевски. -Ние не се откажуваме од иднината! Ние покажавме храброст. Покажавме дека имаме …

Continue Reading

Силен земјотрес ја погоди Црна Гора

Вечерва во 21 часот и 8 минути, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ. Епицентарот бил на 26 километри од Никшиќ. Според пријавите и коментарите на ЕМСЦ, земјотресот траел кратко, но силно се почувствувал.

Continue Reading

Крај на големата кариера во Париз – Еден од најдобрите на сите времиња заминува во пензија

Од следната сезона ракометот ќе биде посиромашен за еден од најдобрите играчи во историјата на спортот. Познатиот дански ракометар Микел Хансен (36) ќе ја заврши кариерата по Олимписките игри во Париз, јавува ТВ2 од Данска. Поради ваквата одлука на Хансен, неговиот сегашен клуб Алборг свика вонредна прес-конференција, на која легендарниот ракометар ќе и се обрати на јавноста. Данската национална телевизија …

Continue Reading

(Видео) Коалицијата „Храбро за Македонија“ ги поднесе листите за кандидати за пратеници до ДИК

Коалицијата „Храбро за Македонија“ денеска до Државната изборна комисија ги поднесе листите за кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија. „Коалицијата „Храбро за Македонија“ ја поднесува оваа листа во која учествуваат Граѓанската опција за Македонија, Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите. Ние сега имавме Централен одбор на којшто без било каква забелешка, едногласно беше усвоена оваа листа …

Continue Reading

Бајден и Си разговараа по телефон: „Целта е да се контролира тензијата меѓу двете велесили“

Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден одржаа телефонски разговор во, како што рече Белата куќа, обид на двајцата лидери да ги „контролираат тензиите“ меѓу двете суперсили. Белата куќа објави во соопштението дека Бајден во разговорот со Си повикал на мир и стабилност околу Тајван, кој се подготвува да постави нов претседател. Американскиот претседател повика и на почитување …

Continue Reading

Левица: Црвениот бран почнува од Струмица

„Борбата за Македонија ја започнуваме во Струмица, во т.н. „бастион на заевизмот“ со јасна порака: СДС мора да биде поразен и засекогаш заменет како доминантната партија во левиот политички спектар“, извести партијата Левица. Оттука, велат, „ќе одекне повикот на новото време и на враќањето на достоинството на Република Македонија“. Како што информираат од Левица, на 4 април, со почеток од …

Continue Reading

Египетскиот претседател Сиси го започна својот трет мандат

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси го започна својот трет мандат во новата административна престолнина на земјата, најголемиот од неколкуте мега-проекти што го одбележаа неговото владеење, а исто така не го заобиколија економските предизвици. Новиот административен главен град во пустината, источно од Каиро, е најголемиот од мега-проектите од 58 милијарди долари. Меѓу другите значајни проекти се и проширувањето на Суецкиот канал, …

Continue Reading

Зеленски ја намали возраста за мобилизација од 27 на 25 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потпиша нацрт-закон со кој се предвидува намалување на возраста за воена мобилизација од 27 на 25 години, додека на вооружените сили им недостигаат луѓе за да се спротивстават на руската инвазија. Тој предлог-закон, кој беше изгласан пред една година во украинската Рада и се чекаше на потпис на претседателот, ќе стапи на сила во среда, …

Continue Reading