Кај хотел во центарот на Белград пронајдена сомнителна торба, полицијата е на терен

Во близина на хотелот Москва во центарот на Белград, на клупа, пред влезот во паркот Теразиска тераса, пронајдена е сомнителна торба. Според неофицијални информации до кои дојде Данас, полицијата добила лажна дојава за бомба. Силни полициски сили се на терен. Припадниците на МУП го регулирале сообраќајот во тој дел на Белград и не им дозволувале на минувачите да се приближат …

Continue Reading

И забил ножици во главата на сестра си затоа што не сакала да си игра со него: Момче во Тајланд се преправало дека е лик од ТВ серија

Четиригодишно момче тешко ја повредило својата сестра Нонг (10) по расправија во семејната куќа во Тајланд. Таа не сакала да си игра со него, па тој зел ножици и и ги забил во главата, пренесува Метро. Во куќата бил и нивниот дедо Јарун Р.(50), кој слушнал врисоци и плач. „Трчав во собата и видов дека ножиците и  штрчат од главата. …

Continue Reading
Приведен крадец во Кичево, вршел тешки кражби во станови и куќи

Малолетник од Мала Речица нападнат од соседот

Педесет и седумгодишниот С.А. од тетовска Мала Речица, вчера во 17 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 10 минути неговиот малолетен внук физички бил нападнат од нивниот сосед А.М., извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.

Continue Reading

Гостиварец истепан од три лица, полицијата го расчистува случајот

Шеесет и двегодишниот гостиварец Л.М. вчера во 10 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 16 часот и 20 минути во рибникот во кој работел во гостиварска Долна Бањица бил физички нападнат од три лица, извести СВР Тетово. Се расчистува и документира случајот.

Continue Reading

Тешко повредена малолетничка од Тетовско, во неа удрил „голф“

Вчера во 14 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „173“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Ф.И. од тетовско Новаке, удрило во малолетничка од тетовски Пирок, извести СВР Тетово. „Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“, соопшти СВР Тетово. На местото на …

Continue Reading

Сидни Свини: Никогаш не сум пробала кафе, а ми требаат само два часа сон

Актерката Сидни Свини во ново интервју откри сè за нејзината исхрана, вежбање и тајни за убавина, а некои од нејзините тврдења би можеле да ги изненадат обожавателите. Имено, во новото интервју за Wall Street Journal, Свини, која глуми во новиот хорор филм Immaculate, откри дека никогаш не пие кафе и наводно може да функционира со само два часа сон. „Спијам …

Continue Reading

Посилен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција. Според EMSC, земјотресот е регистриран во регионот на Крф во 11 часот по локално време. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Continue Reading

Тошковски тврди дека термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден

Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, соопшти утрово техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според него, реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби даваат резултат. -Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, …

Continue Reading

Нина Бадриќ е мета на измамници, ги предупреди обожавателите: Не паѓајте на ова

Нина Бадриќ ги предупреди своите обожаватели дека е мета на измамници и да не наседнуваат на лажниот профил на личност која се претставува како неа. „Не паѓајте на лажни профили! Ова е лажен профил”, напиша таа во една објава на Инстаграм каде сподели скриншот од профилот и пораките што ги испраќа лицето од него. Инаку, пејачката моментално одмара во викендица …

Continue Reading