Тошковски тврди дека термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден

pance-Toskovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, соопшти утрово техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според него, реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби даваат резултат.

-Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден, објави Тошковски на социјалните мрежи.

Министерот соопшти претходно и дека со новиот модел на достава на личните карти на граѓаните во Скопје доставени се четири и пол пати повеќе лични карти.

„Пред две недели го укинавме претходно воспоставеното решение за достава на лични карти според кое полициски службеници ги доставуваа личните карти на домашна адреса на граѓаните и воведовме нов механизам за достава така што граѓаните можат во било кое време да ја подигнат својата лична карта во подрачната полициска станица според местото на живеење“, истакна Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK