Велковски: Ќе обезбедиме средства за реновирање на Центарот за лица со посебни потреби во Штип

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во рамки на секојдневните теренски посети во градовите низ Македонија, оствари средба со вработените во Центарот за социјални работи и ги посети Дневниот центар за лица со попреченост и Здружението на пензионери од Штип, на кои што средби од страна на присутните беа истакнати наталожените проблеми во текот на изминатите …

Continue Reading

Владата донесе одлука: ќе се формира Совет за следење на имплементацијата на развојната секторска Стратегија за правосудство

Владата на денешната седница донесе одлука за формирање на Совет за следење на имплементацијата на Развојната Секторска Стратегија за правосудство (2024 – 2028). Советот се формира заради обезбедување на континуитет на досегашната пракса за следење на реформите во правосудството. Како што е познато, Владата на седницата одржана на 26.12.2023 година ја усвои Развојната Секторска Стратегија за Правосудство (2024 – 2028) …

Continue Reading

Го лажела дека ќе му помогне да добие странски документи: тетовец останал и без пари и без документи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(43) од Кочани. Лицето како што соопшти полицијата се сомничи за сторено кривично дело „измама“. Во текот на 2022, лице од Тетово ѝ исплатило 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.

Continue Reading

Малолетник избоден на Бит Пазар, напаѓачите му барале пари

Вчера во 17.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката „Бит Пазар“ со повреда од остар предмет бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, на подрачјето на Бит Пазар неколку лица му побарале пари, а откако не им дал, едно од нив го нападнало со остар предмет и му нанело убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на …

Continue Reading

Samsung Galaxy Tab S6 Lite (2024): Стил и функција во компактно пакување

Таблетот се одликува со препознатливото пенкало S Pen, елегантен дизајн и долготрајна моќ за извршување на работите – Samsung Electronics денес го објави Galaxy Tab S6 Lite (2024), стилски таблет дизајниран и за работа и за игра. Заедно со високопрецизното пенкало S Pen и нудејќи сигурна моќ во перформансите, Galaxy Tab S6 Lite (2024) ја максимизира инспирацијата, идеите и резултатите …

Continue Reading

Македонците први на листата за да се иселат од сопствената земја, Бугарите на последно место

Иако навидум ние како Македонци се соочуваме со миграции и иселување заради подобра работа, големото меѓународно истражување кое го спроведе групацијата Алма Кариера, сопственици на најголемите сајтови за вработување меѓу кои и македонскиот сајт Вработување.ком , покажа дека секој трет човек во Европа е подготвен да се исели заради подобра работа. Истражувањето е спроведено во 13 источноевропски земји со 76.357 …

Continue Reading

Влада: Светската безбедносна слика е доказ за исправноста на одлуките поради кои денес сме ценета членка на Алијансата

Владата на Република Северна Македонија денеска на свечена седница ја одбележа четвртата годишнина од членството на земјата во НАТО. Со седницата на која учествуваа членовите на Владата, претседаваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а збор зедоа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и првиот вицепремиер, Бојан Маричиќ. Премиерот Џафери, во …

Continue Reading

Сари одбил да биде тренер на Нотингем Форест

Италијанскиот тренер Маурицио Сари одбил понуда од Нотингем Форест. „Шумарите“ на поранешниот тренер на Лацио му понудиле тригодишен договор. Сари си поднесе оставка како тренер на Лацио на 13 март по серија од четири порази во сите натпреварувања. Како што пренесува „Спорт Италија“, неколку дена по заминувањето од Лацио, челниците на Нотингем Форест стапиле во контакт со претставниците на 65-годишниот …

Continue Reading

Почина Слаѓана Милошевиќ

На 69-годишна возраст почина пејачката Слаѓана Милошевиќ. Како што објавија српските медиуми, таа починала во Земунската болница. Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година. Зад себе има долга и успешна кариера. Таа важеше за икона на новиот бран од осумдесетите во Југославија.

Continue Reading