Тешко повредени малолетници од Тетовско, со возило излетале од коловоз

Денеска во 14 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Стримница и Челопек, патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз, извести МВР. „Во несреќата, сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, …

Continue Reading

Објавувал расистички коментари на фејсбук, па излажал дека му бил хакиран профилот, кривична против прилепчанец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 36-годишниот Х.Т. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ и „давање лажен исказ“, извести МВР. „На 30.11.2023 на социјална мрежа Фејсбук, на објава на портал, објавил коментар со кој поттикнал омраза и нетрпеливост. Во службен разговор во полициска станица, …

Continue Reading

Тепачка во затворот Идризово, полицијата го расчистува случајот

Вчера вечер во 21.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека 23-годишниот А.Ѓ. со остар предмет бил нападнат од 35-годишниот Р.Р., двајцата осуденици од установата, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Continue Reading

Со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, уапсен 40-годишен маж

Денеска во 00.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 40-годишниот П.К. од Битола, извести МВР. „Тој се сомничи дека на 18.03.2024 околу 23.35 часот со трактор оштетил влезна врата на казино во Битола, како и неколку столбчиња пред влезот на казиното“, соопшти МВР. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Кривична против 20-годишен скопјанец, запалил локал во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишниот М.У. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, извести МВР. „На 10.03.2024 во 03.40 часот, тој со уште едно лице, со запалива течност предизвикал пожар во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид“, соопшти МВР. Судија на претходна постапка на М.У. му одреди мерка притвор во …

Continue Reading

Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: во фокусот заедничките напори во борбата против климатските промени

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Северна Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд(ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик …

Continue Reading

Арсовска изврши увид во градежните работи на проектот за изведба на водоводна мрежа во Чучер Сандево

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со екипи од скопските јавни претпријатија денес извршија увид во градежните работи на проектот за изведба на водоводна мрежа на потег од 1 километар на улицата Бел Камен во Чучер Сандево, проект кој се реализира со меѓуопштинска соработка. Со реализацијата на овој проект, како што соопшти нејзиниот кабинет, се решава горлив проблем на жителите …

Continue Reading

Кимих е подготвен да го напушти Баерн

Три клуба во летниот преоден рок ќе се борат за потписот на Џошуа Кимих. Германскиот репрезентативец не е задоволен од статусот што го има во клубот, самиот најави дека сака да го напушти Минхен. Кимих наредната сезона ќе влезе во последната година од договорот. Баерн нема намера да му понудат нов. Новиот спортски директор, Макс Ербел, смета дека на позицијата …

Continue Reading

Левица: Ванковска влегува во борба за претседател на државата

Во просториите на ДИК, овластениот претставник и раководител на претседателскиот изборен штаб на Левица, Реџеп Исмаил, денес ја поднесе кандидатурата на претседателскиот кандидат, Билјана Ванковска. Без притисоци, без партиска војска, платени списоци и празни ветувања, и покрај ужасната инфраструктура и услови на ДИК, сепак, активистите на Левица успешно собраа над 10.000 потписи во краток рок. Ваквата широка народна поддршка, дополнително …

Continue Reading