Левица: Ванковска влегува во борба за претседател на државата

433660925_986907252792339_5033740580582649862_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во просториите на ДИК, овластениот претставник и раководител на претседателскиот изборен штаб на Левица, Реџеп Исмаил, денес ја поднесе кандидатурата на претседателскиот кандидат, Билјана Ванковска.

Без притисоци, без партиска војска, платени списоци и празни ветувања, и покрај ужасната инфраструктура и услови на ДИК, сепак, активистите на Левица успешно собраа над 10.000 потписи во краток рок. Ваквата широка народна поддршка, дополнително ја потврди решителноста на македонскиот народ, да се влезе во борба против политичките елити, против измаќарите на странските интереси и слуги на крупниот капитал и со тоа доби автентичен претседателски кандидат, подготвен да го застапува интересот на народот, интересот на обичниот човек, на работниците, потиснатите и обесправените“, велат од Левица.

За првпат во современата македонска историја, Македонија, како што додаваат, ќе добие кандидат за претседател, подготвен да застане во одбрана на националните интереси на македонскиот народ.

„Кандидат, кој цврсто ќе се спротивстави на етно-трибалистичките политики и практики во домашната политика. Кандидат, кој надворешната политика ќе ја позиционира единствено согласно интересите на својот народ, а не на странските интереси на штета на Македонија. Очекуваме во најкраток можен рок кандидатурата да биде потврдена од страна на ДИК, по што ќе започне претседателската битка, која ќе донесе свежина на политичката сцена, која ќе предизвика тектонски пореметувања и големи изненадувања, со резултат на огромната поддршка кон претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска“, се потенцира во напишаното од страна на Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK