СЗО повика на вакцинација на децата против сипаници
Светската здравствена организација повика да се вакцинираат децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји. Во изминатата година, сипаниците се појавија во повеќе од 50 земји, двојно повеќе отколку во 2022 година, рече на виртуелна прес-конференција Кејт О’Брајан, директорката за имунизација на СЗО. …
Continue Reading
Путин им нареди на ФСБ да ловат предавници: „Идентификувајте ги и казнете ги“
Рускиот претседател Владимир Путин повика на лов на „предавници“ во своето обраќање пред руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), откако го доби новиот претседателски мандат. Тие треба да бидат идентификувани и казнети, рече Путин со забележително лут тон. „Ќе ги казниме без временско ограничување, каде и да се“, рече тој, додавајќи дека Русија нема да ги заборави предавниците кои извршија …
Continue Reading
Двајца членови на ИСИЛ уапсени во Германија, планирале напад на Шведска поради запалениот Куран
Германија уапси двајца осомничени членови на Исламската држава (ИСИЛ) за наводно планирање напад врз шведскиот парламент, соопшти денеска федералното обвинителство. Двајца авганистански државјани идентификувани како Ибрахим М.Г. и Рамин Н. се уапсени во источниот германски град Гера под сомнение дека планирале напад како одмазда за палењето на Куранот во Шведска, соопшти обвинителството. Обвинителите наведуваат дека осомничените се приклучиле на Исламската …
Continue Reading
Митрески по повод Рамазан организираше Ифтарска вечера: „Почитувањето на другиот е предуслов за здраво и толерантно општество“
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во чест на светиот месец Рамазан, традиционално организираше Ифтарска вечера. Тој изрази задоволство што во овие свети денови за припадниците на муслиманската вероисповед сите заедно ја споделуваме вербата во соживотот и меѓусебното почитување на различностите. „Почитувањето на другиот, со сите форми на верување, живеење и изразување е предуслов за здраво општество, …
Continue Reading
Нетанјаху го одби барањето на Бајден, ќе го нападнат последното засолниште на милиони Палестинци
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на Џо Бајден да се откаже од планираниот копнен напад врз Рафах, последното засолниште за повеќе од милион раселени лица во Газа, но и град кој Израел го смета за засолниште на исламистичките борци на Хамас. Денеска Нетанјаху им рече на парламентарците дека „совршено јасно му ставил до знаење“ на американскиот претседател дека …
Continue Reading
Украина ги исполнува главните критериуми за членство во НАТО, вели Кулеба
„Украина работи на обезбедување силен и далекусежен чекор кон членство во НАТО на самитот на воената алијанса во Вашингтон во јули“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи. Амбасадорката на САД во НАТО Џулијан Смит минатиот месец изјави дека не очекува Алијансата да упати покана до Украина за членство на претстојниот самит. Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, на новинарско …
Continue Reading
Генералниот секретар на Левица: Агендата на Касами е тотално необалистичка
„Општина Тетово, која е депонија на дивоградби, пратила инспекција за поставени бисти на партизаните од НОБ – Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче! Под изговор дека се поставени незаконски и дека поттикнувале омраза?!“, вели Генералниот секретар на Левица, Јована Мојсоска. „Инаку, Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Стојчевски-Амбарче (како борци на Третиот партизански одред) се убиени од балистите на 19 септември 1944 во …
Continue Reading
Османи разговараше со Сенаторот кој ја предложи Резолуцијата за подршка на ЕУ интеграцијата на Северна Македонија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари телефонски разговор со американскиот сенатор, Питер Велч. За време на разговорот министерот Османи упати благодарност до сенаторот Велч за поднесувањето на Резолуцијата во Сенатот на САД за поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ. Воедно, нагласи дека Резолуцијата, која е поддржана од сенатори од Демократската и од Републиканската партија, од една …
Continue Reading
Шпионот на Путин: Французите ќе испратат 2.000 војници во Украина, тие ќе бидат нашата главна цел
Русија има информации дека Франција се подготвува да испрати воен контингент од 2.000 војници во Украина, изјави директорот на руската надворешна разузнавачка служба Сергеј Наришкин, пренесува државната новинска агенција Тасс. „Сегашното раководство на Франција не се грижи за смртта на обичните Французи или за загриженоста на генералите. Според информациите добиени од руската надворешна разузнавачка служба, веќе се во тек подготовките …
Continue Reading