Украина ги исполнува главните критериуми за членство во НАТО, вели Кулеба

kuleba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„Украина работи на обезбедување силен и далекусежен чекор кон членство во НАТО на самитот на воената алијанса во Вашингтон во јули“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи.

Амбасадорката на САД во НАТО Џулијан Смит минатиот месец изјави дека не очекува Алијансата да упати покана до Украина за членство на претстојниот самит.

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба, на новинарско прашање за целите на Киев на самитот во Вашингтон, рече дека нема да дава детали за дискусиите, но дека има „многу активно учество“ со раководството на НАТО и сојузниците.

„Сметаме дека Украина ги исполнува главните критериуми за членство, а тоа е способноста да ги брани границите на НАТО. Ова го правиме бранејќи ја Украина“, изјави тој за новинарите на онлајн прес-конференција.

„Работиме напорно за да постигнеме силен и далекусежен чекор кон членството на Украина во НАТО на самитот во Вашингтон“, додаде Кулеба.

Русија, која ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, силно се спротивставува на долгорочната стратешка амбиција на Киев да се приклучи на НАТО алијансата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK