(Видео) Лудница во Леверкузен, Баер губеше до 93.минута на крајот победи

Фудбалерите на Баер Леверкузен на нестварен начин изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на конференции. „Фармацевтите“ губеа од Карабаг 0:2, на крајот славеа со 3:2. Два гола во судиското надополнување на времето постигна Патрик Шик. Баерн Леверкузен успеа да го преживее двомечот со Карабаг. На првиот меч избегнаа пораз во судиското надополнување, кога стрелц беше Шик, а во реваншот на …

Continue Reading

Кошаркарите на МЗТ нападнати во Чаир, одбија да се вратат на теренот

Натпреварот помеѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје e прекинат на полувремето и веројатно нема да продолжи.   На полувремето, на пат кон соблекувалните, кошаркарите на актуелниот македонски шампион биле нападнати од непознати лица. Кошаркарите на МЗТ одбија да го продолжат натпреварот. Првото полувреме заврши со водство на МЗТ Скопје со 44:42.

Continue Reading

Шефот на дипломатијата на ЕУ: За исходот од војната во Украина ќе се решава оваа пролет и лето

Комесарот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска по состаноците одржани во Вашингтон изјави дека испраќањето нова помош за Украина не може да чека бидејќи за исходот од војната во Украина ќе се одлучува оваа пролет и лето. Поради сомнежите за продолжување на американската воена помош за Киев, Борел им рече на новинарите дека неговата порака до американските пратеници …

Continue Reading

Милановиќ утре го објавува датумот на парламентарните избори: Пленковиќ е заштитник на крадците и корупцијата во Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ најави дека утре ќе го објави датумот на парламентарните избори. „Ќе ви кажам утре, кога ќе се вратам во Загреб, кога ќе се одржат изборите“, им рече Милановиќ на новинарите денеска, откако Парламентот гласаше да се распушти. Тој кажа дека ова биле неполни четири години „кражба и обесчестување“, објави Хрватската радио-телевизија. Милановиќ оцени дека „лошото време“ …

Continue Reading

Обвинителите во Менхетен бараат одложување на судењето на Трамп за прикривање секс скандал

Окружното обвинителство во Мехнетно денеска побара од судијата да го одложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за 30 дена во врска со наводното прикривање на сексуални скандали за време и по претседателската кампања во 2016 година. Обвинителите побараа одложување за да можат да ја разгледаат новата серија документи што ги добиле од федералните обвинители, пишува Њујорк Тајмс. Потенцијалното …

Continue Reading

Мицкоски на средба со бордот на директори на „Македонија 2025“: Програмата која ќе ја понуди ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реална и остварлива

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, членот на Извршниот комитет Маја Кадиевска Војновиќ и Зоран Ставревски остварија средба со бордот на директори на „Македонија 2025“. Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговарало за искористување на економските потенцијали и потребата за поддршка на приватниот сектор и иницијативи што ќе придонесат до забрзан економски …

Continue Reading

Палестинскиот претседател назначи нов премиер, претходниот поднесе оставка

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го назначи Мохамед Мустафа за премиер на Палестинската управа, објави денеска палестинската државна новинска агенција ВАФА. Назначувањето на Мустафа доаѓа по зголемениот притисок за реформирање на управното тело на окупираните палестински територии и подобрување на неговото владеење на окупираниот Западен Брег. Новиот премиер е назначен да ја води хуманитарната помош и реконструкцијата на Појасот Газа, да …

Continue Reading

Дебакл на Динамо во Солун, ПАОК е во четвртфиналето

Фудбалерите на Динамо Загреб доживеаја тежок пораз во Солун, во Конференциската лига. ПАОК ги победи „модрите“ со 5:1 и со вкупен резултат 5:3 се пласираше во следната фаза. ПАОК нападна од првата минута, во обид да ја надомести негативата од првиот натпревар. Нападите вродија со плод во 27. минута. Андрија Живковиќ изведе корнер и го пронајде Кулијеракис, дефанзивецот со глава …

Continue Reading

Камион на FedEx се преврте преку мост во САД, повредени се 5 лица, меѓу кои и едно дете

Утрово, камион на FedEx се преврте преку мост во Питсфорд, Њујорк, при што беа повредени пет лица, меѓу кои и едно дете. Инцидентот се случил околу 8:30 часот, изјави шефот на противпожарната станица Хенриета, Марк Чолах. Од полицијата велат дека при несреќата камионот од страна удрил во друго возило. Првите лица кои реагирале на местото на настанот го нашле возачот …

Continue Reading