Дебакл на Динамо во Солун, ПАОК е во четвртфиналето

Untitled-1-6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерите на Динамо Загреб доживеаја тежок пораз во Солун, во Конференциската лига. ПАОК ги победи „модрите“ со 5:1 и со вкупен резултат 5:3 се пласираше во следната фаза.

ПАОК нападна од првата минута, во обид да ја надомести негативата од првиот натпревар. Нападите вродија со плод во 27. минута. Андрија Живковиќ изведе корнер и го пронајде Кулијеракис, дефанзивецот со глава ја упати топката до Рахман Баба кој беше сосема сам на другата статива и лесно ја смести топката во мрежата на голот што го чуваше Невистиќ.

Седум минути подоцна Кулиеракис остана целосно сам на 30 метри од голот, шутираше, а на патот кон голот топката се одби од Сучиќ и го измами Невистиќ.

ПАОК играше во транс, особено Константинос Кулиеракис. Повторно во 42. минута испрати одличен центаршут, а Томас овојпат одлично ја искористи топката и уште еднаш го матираше голманот на Динамо.

Динамо одлично го започна вториот дел. Во 49. минута Хоџа ја искористи неконцентрираноста во одбраната на ПАОК и од тешка позиција упати одличен волеј во малата мрежа од голот на домаќините.

Вкупниот резултат повторно беше изедначен. Хоџа имаше уште една одлична прилика во 64. минута. Тој ја прими топката од Батурина и упати одличен удар од 15 метри, но Котарски се искупи за примениот гол и направи бравурозна интервенција.

ПАОК се врати во водство во вкупниот резултат во 73. минута. Апсолутниот херој на натпреварот, Кулиеракис конечно постигна гол. Десподов ја нафрли топката во шеснаесетникот, откако таа рикошетира, стигна до дефанзивецот ПАОК, кој со гради успеа да ја упати во голот.

ПАОК можеше да го заврши овој двомеч во 83. минута, но Мург целосно непречено го промаши целиот гол од седум метри. Но, во 87. минута беше досуден пенал за ПАОК, одговорноста ја презеде Андрија Живковиќ, погоди и го испрати ПАОК во четвртфиналето на Конференциската лига.

Пласман меѓу осимте најдобри изборија и Фенербахче односно Фиорентина. Фенер загуби од Унион Сен Жилоа о:1, но со вкупни 3:1 го доби двомечот, а Фиорентина и Макаби одиграа 1:1. Италијанците со вкупни 5:4 влегоа во четвртфиналето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK