Камион на FedEx се преврте преку мост во САД, повредени се 5 лица, меѓу кои и едно дете

bd6d071c-1e75-4b67-aa6e-512367fc56ce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Утрово, камион на FedEx се преврте преку мост во Питсфорд, Њујорк, при што беа повредени пет лица, меѓу кои и едно дете. Инцидентот се случил околу 8:30 часот, изјави шефот на противпожарната станица Хенриета, Марк Чолах. Од полицијата велат дека при несреќата камионот од страна удрил во друго возило.

Првите лица кои реагирале на местото на настанот го нашле возачот на FedEx свесен, на страната на патот и надвор од камионот, рече Чолах, според „Еј-би-си Њуз“. Во второто возило повредени се четири лица, меѓу кои и едно дете.

Сите петмина биле пренесени во болница во Рочестер со, како што изгледа, полесни повреди. Чолах наведува дека во моментот на несреќата камионот FedEx бил празен и поради тоа жртвите се здобиле со полесни повреди.

„Да беше полн, целиот камион ќе паднеше од мостот. Прашање е дали возачот ќе преживее во тој случај“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK