Полицијата пронајде седум мигранти кај местото викано Елград

На 04.03.2024 во 12.00 часот на регионален пат Р1102, кај место викано Елград, полициски службеници од ОВР Неготино пронашле седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак, извести МВР. Лицата биле предададени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.

Continue Reading

Кривична против полицаец од Куманово, заедно со уште едно лице истепале маж

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Е.М., полициски службеник во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик, извести МВР. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за …

Continue Reading

Халанд: Напишете ја вистината, среќен сум во Сити

Ерлинг Халанд денеска се појави на прес-конференцијата пред утрешниот реванш осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Копенхаген. Првиот натпревар во Данска заврши со победа на Сити 3:1. Бидејќи Сити веќе се во четвртфиналето, главна тема беше иднината на Халанд. „Навистина сум среќен во Манчестер Сити. Особено затоа што сум опкружен со одлични луѓе, тренери, директори, соиграчи… Група …

Continue Reading

Кривична против маж од Струга, истепал вработена во струшката општа болница

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.Н. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, извести МВР. „На 29.02.2023 во Општа болница Струга, пријавениот физички ја нападнал вработената Р.Н.(22) од Струга и ѝ нанел повреди“, соопшти МВР.

Continue Reading

Кривична против маж од Косово, на Табановце дал на увид фалсификувана возачка од Италија

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 40-годишниот З.Г. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР. „На 02.03.2024 на Граничен премин Табановце, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Италија“, соопшти МВР.

Continue Reading

Кривична против кумановец, наместо сметката на фирмата каде што работел ја приложувал својата, присвоил над 10 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 33-годишниот Д.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР. „Во текот на 2023 година, пријавениот ја приложувал неговата лична банкарска сметка, наместо банкарската сметка на правното лице, каде што бил вработен, при што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 10.800 евра“, соопшти МВР.

Continue Reading

Болеста не се разгорува, но тестирање за голема кашлица да се овозможи во целата држава, препорача Комисијата за заразни болести

Тестирање за голема кашлица на територијата на целата држава, засилени контроли на Државниот санитарен и здравствен инспекторат во градинките за откривање невакцинирани деца и дигитална евиденција за сите вакцинирани се денешните препораки од Комисијата за заразни болести. Доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комсијата за заразни болести извести дека до денес се регистрирани вкупно 123 лица заболени од голема кашлица во …

Continue Reading

Јордан ја пушти од воздух најголемата помош за Газа досега

Јордан денеска објави дека во соработка со Соединетите Американски Држави, Франција и Египет го изврши најголемото авионско испуштање храна и хуманитарна помош во Појасот Газа. Во операцијата учествуваа три авиони на јорданските вооружени сили, три американски авиони, еден египетски и еден француски авион. Беше испуштена помош на северот на Газа. Пакетите прикачени на падобраните вклучуваат помош од Светската програма за …

Continue Reading

ДУИ: Поддржуваме нивелизирање на платите за високото образование

Демократската унија за интеграција дава целосна поддршка на иницијативите поврзани со зголемување на платите во секој образовен циклус, овозможувајќи преку Министерството за образование, штом ќе се завршат конкретните процедури на сите јавни универзитети да има нивелизирање на платите. „Демократската унија за интеграција преку својата пратеничка група предложи измена на соодветниот Закон со кој ќе се изедначат платите и истиот се …

Continue Reading