Хамас: Нема размена на заложници додека не се прогласи прекин на огнот

Размена на палестински затвореници и израелски заложници во Газа може да се изврши само по прекин на огнот, изјави денеска истакнатиот функционер на Хамас Осама Хамдан, додека досега неуспешните преговори во Каиро меѓу милитантната група, Египет и Катар продолжуваат. На прес-конференција во Бејрут, Хамдан ги повтори условите на неговата група за договорот: крај на израелската воена офанзива, повлекување на војниците …

Continue Reading

(Видео) Навивачите на Лацио пееја фашистички песни во центарот на Минхен

Лацио го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Навивачите на тимот од Рим очекувано го окупираа Минхен, особено и поради резултатот, бидејќи Лацио има предност од 1:0, која ја донесе од Италија, но Баерн и понатаму е голем фаворит за пласман во четврт-финалето од Лигата на шампионите. “Duce, duce, duce”#SSLazio-Fans skandieren faschistische und pro-mussolini-Slogans in …

Continue Reading

(Видео) Луксузни вили буквално висат на карпите, сцени од Калифорнија

Обилните дождови имаат разорно влијание врз карпите на кои се сместени некои од најскапите недвижнини во Калифорнија. Во првите два месеци од оваа година, во Јужна Калифорнија паднаа речиси 46 сантиметри дожд, околу 20 сантиметри повеќе од нормалното, а повеќе се очекува оваа недела. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба во осум окрузи во кои живеат повеќе од …

Continue Reading

Двајца Украинци во БиХ украле 1,3 милиони евра од банкомати низ земјата

Двајца украински државјани се осудени на шест години и десет месеци затвор во Босна и Херцеговина за серија компјутерски измами при кои успеале да украдат 1,3 милиони евра од банкомати низ земјата. Во текот на 2020 година, Дмитро Боико (42) и Олександр Заицев (61) и уште пет други државјани на Украина користеле различни софистицирани компјутерски алатки и програми и пристапувале …

Continue Reading

Илон Маск ги исмеа Инстаграм и Фејсбук: „Ако ја читате оваа објава…“

Сопственикот на апликацијата „Икс“ Илон Маск, се потсмеваше на својот профил поради неуспехот на Фејсбук и Инстаграм. По цел ден корисници на Фејсбук, Месинџер и Инстаграм се жалеа дека не можат да пристапат до нивните сметки, медиумите објавија дека има дефект и дека не се знае кога ќе биде отстранет. If you’re reading this post, it’s because our servers are …

Continue Reading

МЗШВ: Трипуновски денес го демантираше Цветан од вчера

„И денешниот прес на дополнителниот заменик министер Трипуновски е продолжение на серијата празни зборови и лаги кон земјоделците. Од помпезно најавуваните “скандали“ на дополнителниот заменик министер нема ништо. Единствено нешто што остана потврдено и денес е тоа дека дополнителниот заменик министер е против развојот на малите винарии и малите производители на храна“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарствцо и водостопанство. „Самиот …

Continue Reading

Тешко повреден маж донесен во Клиничката болница во Штип

На трети март, во 18.33 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 53-годишниот М.Р.(53) од село Парналија, општина Карбинци, извести МВР. „По преземени мерки од полициски службеници од СВР Штип било утврдено дека во 11.30 часот на некатегоризиран пат од с.Кучица кон с.Парналија, М.Р.(53) јавал домашно животно и …

Continue Reading

Русиja: Забележавме француски авиони над Црното Море, итно го подигнавме нашиот Су-27

Москва соопшти дека го подигнала својот борбен авион Су-27 за да ги следи француските борбени авиони и извидувачки авион над Црното Море. Руското Министерство за одбрана соопшти дека успешно е спречено нарушување на државната граница на Руската Федерација бидејќи француските авиони се свртеле од руската граница по приближувањето на рускиот ловец. Според државната новинска агенција Тасс, руските системи за контрола …

Continue Reading

Сијарто: Нема да го поддржиме холандскиот премиер како шеф на НАТО

„Унгарија сигурно не може да ја поддржи кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте за функцијата генерален секретар на НАТО“, изјави министерот за надворешни работи на земјата. „Сигурно не можеме да поддржиме избор на личност на функцијата генерален секретар кој претходно сакаше да ја фрли Унгарија на колена“, рече Петер Сијарто на прес-конференција во Будимпешта. „Би било многу чудно ако унгарската …

Continue Reading