Без нова возачка дозвола, од среда исто како да немате возачка дозвола

Околу возачките дозволи, ги известуваме граѓаните дека од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија, информираа од Министерството за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија. Предупредуваме и дека …

Continue Reading

Мицкоски за случувањата во АА: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се директно вклучени, ние не се мешаме во внатрешните работи на политичките партии

Ние не се мешаме, седиме на страна, бидејќи непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата во Алијанса на Албанците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во Алијанса на Албанците и додаде: Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред се од …

Continue Reading

Николоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за еден мандат ќе инвестира 34 милиони евра за инфраструктурни проекти во општина Прилеп

Денеска сме тука да го видиме и да го слушнеме отчетот кој што градоначалникот ќе го даде за 2 години работа во општина Прилеп. Би сакал да искажам поддршка, но исто така и задоволство од она кое што е сработено до сега. Ние како политичка партија која што стои позади мнозинството во советот и го кандидираше градоначалникот за градоначалник сме …

Continue Reading

Ангеловска-Бежоска: Западен Балкан има понизок БДП за 18% поради помала вклученост на жените

Малата инволвираност на жените во општеството, не значи само загуба за самите жени, туку значи загуба за целото општество, порачува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Блумберг Адриа“. Согласно спроведена анализа на Светската банка,  економиите во регионот на Западен Балкан губат во просек околу 18% од БДП поради помалата вклученост на жените во економијата. За да се …

Continue Reading

Столтенберг му одговори на Трамп, кој „ќе ја охрабри Русија да го нападне НАТО“

Секое навестување дека сојузниците на НАТО нема да се бранат меѓусебно ја поткопува безбедноста на Алијансата и ги става во опасност американските и европските војници, изјави денеска генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека нема да ги заштити земјите кои не ги плаќаат своите обврски.и да ја „охрабрат“ Русија да ги нападне. „Секој …

Continue Reading

СДСМ: Лагите на Љутков и ДПМНЕ се параван за покривање на неговите хонорари и хонорарите на неговата сопруга

Овие денови јавноста сведочи колку ревносно претседателот на комисијата за култура на ДПМНЕ клевети млади уметници и манипулира за проектите кои ги поддржува надлежното Министерство за култура. Лагите на Љутков и ДПМНЕ се всушност параван, очаен обид за покривање на неговите хонорари и хонорарите на неговата сопруга за наводно „патриотски проект“ кој е финансиран во неколку општини под капата на …

Continue Reading

Уапсен грчки државјанин на ГП Стар Дојран

На 10.02.2024 во 01.00 часот на Граничниот премин „Стар Дојран“ при излез од државата при извршена контрола на патничко моторно „бмв“ управувано од К.М.(62) од Р.Грција констатирано било дека истакнати биле регистарски таблички со грчки национални ознаки, кои се издадени за друго патничко возило „бмв“, а на увид дал и сообраќајна дозвола што не одговара со карактеристиките на возилото кое …

Continue Reading

Мицкоски: Законите со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија се голема катастрофа која ја подготвува владата за генерациите кои не се родени

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во општина Бутел запрашан како ги коментира 4-те закони со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија посочи дека тоа е една голема катастрофа која што ја подготвуваат од страна на владата и на генерациите кои што не се родени. -Тоа е една голема катастрофа, која што ја подготвуваат …

Continue Reading

(Фото) Украинците објавија фотографија: Русите користат Старлинк на Маск

Украина денеска соопшти дека руските сили на окупираните територии ги користат терминалите на сателитската интернет услуга Старлинк на Илон Маск, објавувајќи, како што тврди, пресретнување на размена меѓу двајца руски војници како доказ за нејзината „систематска“ употреба. Системите Starlink беа од витално значење за комуникациите на украинското бојно поле за време на речиси двегодишната руска инвазија, бидејќи Киев се соочи …

Continue Reading