Децата во Газа веројатно ќе изгубат најмалку една година образование

Агенцијата на ОН за палестински бегалци предупреди дека децата во Газа најверојатно ќе пропуштат најмалку една година образование, со суспендирана учебна година и затворени училници. Во училиште во градот Деир ал Балах во централна Газа, зградата е преполна со раселени луѓе. Зиад Талеб, дописник за вести на ОН, рече дека има „одвај празен простор во дворот или училниците“ на подготвителното …

Continue Reading

Најмалку 27 лица се приведени на протестот против воената мобилизација во Москва

Руската полиција денеска во центарот на Москва приведе неколку десетици лица, поради учество на протест против воената мобилизација за потребите на војната во Украина. Порталот ОВД-Инфо, кој известува за слободата на собирање во Русија, наведува дека најмалку 27 членови на група која собира сопруги на мобилизирани војници биле приведени од полицијата во близина на Кремљ додека лежеле на цветната уличка …

Continue Reading

(Видео) Евертон го преживеа налетот на Ришарлисон

Фудбалерите на Евертон и Тотенхем ремизираа 2:2 (1:2) во првиот натпревар од 23. коло на англиската Премиер лига. Натпреварот на „Гудисон“ понуди многу возбудувања, а расплетот се случи во судиското надополнување, поточно во 94. минута кога Брајтвајт го постави конечниот резултат. Еверотн го преживеа брилијантниот настап на својот поранешен играч Ришарлисон. Бразилецот погоди во четвртата и 41.минута.

Continue Reading

Малолетник во Берово со нож ѝ се заканувал на поранешната девојка

Вчера во полицијата во Берово, В.С. пријавила дека на 1.2.2024 во средно училиште во градот, малолетник од пехчевско, со кого претходно нејзината малолетна ќерка била во врска, упатил закани со остар предмет на нејзината ќерка. – Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.

Continue Reading

Приведен скопјанец кој со метална палка на расклопување се шетал низ Центар

На 01.02.2024 во 20.20 часот на подрачје на Центар – Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Д.К.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена метална палка на расклопување. Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје, се вели во соопштението на МВР.

Continue Reading

Приведен кумановчанец кој сакал да украде „застава“

МВР соопшти дека синоќа, во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Б.К. (30) од Куманово. Б.К. се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

(Видео) Миовски не му дозволи на Селтик да го победи Абердин

Абердин и Селтик одиграа 1:1, во првиот натпревар од 24.коло, во Премиер лигата на Шкотска. Абердин и по осум години не успеа да слави над Селтик на домашен терен, но можеда биде задоволен од освоениот бод, бидејќи лидерот на табелата беше подобар на теренот и многу поопасен предд противничкиот гол. Абердин на теренот го предводеше македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски. Македонскиот …

Continue Reading

Мицкоски од Женева: Дијаспората масовно да излезе да гласа на претстојните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки е во дводневна посета на Швајцарија. Денеска во Женева тој имаше состанок со претседатели на многу задгранички комитети на ВМРО-ДПМНЕ од Европа. „Навистина една исклучително квалитетна атмосфера, мотивирани се луѓето сите тие си ја љубат својата татковина Македонија и се подготвени да …

Continue Reading

Чави за Реал Мадрид и судиите: Мислат дека сме глупави

Чави Ернандез, тренерот на Барселона, повторно жестоко ги нападна судиите.Тврди дека тие секогаш носат одлуки во корист на најголемиот ривал Реал Мадрид. Пред десетина дена зборуваше по пресвртот на Реал против Алмери, а сега повторно се огласи. „Дури и на натпреварот на Реал против Хетафе се случија работи кои не се нормални. Не можеме да влијаеме на нив, но сите …

Continue Reading