Во нападите врз Крим загина највисокиот руски генерал на воздухопловните сили

Највисокиот руски генерал на воздухопловните сили e убиен во нападите врз Крим во средата, јавува Newsweek, повикувајќи се на локални извори. Александар Татаренко бил убиен за време на украинскиот напад на воениот аеродром Белбек во Крим. Како резултат на ударот загинале десетчлен руски воен персонал, вклучително и командантот на авијациската ескадрила, генерал-полковник Александар Татаренко. And another one bites the dust… …

Continue Reading

Пронајдена почината жена во својот дом во Аеродром

53-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Аеродром. Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.К.(53) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопшти полицијата.

Continue Reading

Промени во менаџментот на УСЈЕ – Константинос Николау нов в.д. директор на УСЈЕ, досегашниот прв човек на компанијата Борис Хрисафов член на одборот на директори

Константинос Николау е нов главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД Скопје кој на оваа функција доаѓа како вршител на должност до одржување на наредното Собрание на акционери, а истовремено Николау е избран и за в.д. извршен член на Одборот на директори. Николау доаѓа на местото на Борис Хрисафов кој ќе ја извршува функцијата в.д. неизвршен член на Одборот на …

Continue Reading

Охриѓанец нападнал вработен во Итната медицинска помош

Вчера во 19.20 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Д.(57) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно во просториите на Итната медицинска помош во Охрид физички нападнал еден вработен во Здравствениот дом. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Николовски: Со новиот закон, за вино лозарите за првпат добиваат гарантирана откупна цена

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денашната средба со лозарите во Кавадарци, ги информираше лозарите дека новиот закон за вино, подготвен од министерството, веќе е во собраниска процедура и очекуваме негово донесување до 4 април оваа година. „Нашата искрена грижа за овие два важни сектори ја потврдуваме и со подготвениот нов закон за вино. Закон што на …

Continue Reading

Почина деветнаесетгодишно момче од Турција, било донесено во тешка состојба во болница

Вчера во 14.30 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, е пријавено дека околу 12.40 часот починал О.Ј.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, кој околу 10.15 часот бил примен кај нив во тешка здравствена состојба. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Continue Reading

Џафери-Агелер: Изборот на прв премиер Албанец е силна потврда за демократизацијата на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела Прајс Агелер. Премиерот Џафери ја истакна посветеноста на Владата кон стратешкото партнерство на Северна Македонија со Соединетите Американски Држави и нагласи дека и на новата функција ќе продолжи да биде силен промотор на таа соработка. На средбата, премиерот и …

Continue Reading

Полицаец забележал како војникот на АРМ од кула на затворот Идризово им фрлил ќеса со 10 мобилни на затворениците во дворот

Полицаец кој го обезбедувал затворот го забележал професионалниот војник на АРМ како шверцува мобилни телефони во затворот Идризово. Против војникот попладнево Обвинителството соопшти дека отвора постапка за кривично дело злоупотреба на службена положба оти додека го обезбедувал затворот ги снабдувал затворениците со телефони иако се забранети. Министерството за внатрешни работи преку соопштение извести за деталите. „На 01.02.2024 во 12.10 часот …

Continue Reading

ФИФА ќе му дозволи на Лион да го регистрира Бенрама

ФИФА ќе му дозволи на Лион да го комплетира трансферот на Саид Бенрама во следните неколку часа, објави познатиот новинар Фабрицио Романо. Францускиот клуб претходно поднесе жалба бидејќи сметаше дека Англичаните го саботирале трансферот во последните часови од преодниот рок. Истото го направи и Бетис кој се обиде да го доведе Пабло Форналс. Лион буквално подготви сè за јавно да …

Continue Reading