Тетовец измамен за 2000 евра: Се договорил да купи градежен материјал, кога отишол во фирмата сфатил дека е излажан
Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 27-годишен маж од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра, извести МВР. „Според пријавеното, лицето лажно се претставило како вработен во фирма за градежништво и, откако телефонски се договориле за купопродажба на градежен материјал во Куманово, му ги дал парите. Како што е пријавено, кога отишол во …
Continue Reading
Скопјанец натепан од возач на автобус на ЈСП
Вчера во 10.55 часот во СВР Скопје, 35-годишниот М.Б. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП во населбата Радишани во Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од возачот на автобусот, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Запален авто плац во Арачиново, нема повредени
Денеска во 00.50 часот во СВР Скопје, 49-годишниот Е.М. пријавил дека во негов авто плац во село Арачиново, скопско, две лица предизвикале пожар, кој бил изгаснат од негов сосед, извести МВР. Од пожарот нема опожарени возила и нема повредени лица, а увид извршила екипа на СВР Скопје, додаваат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Кривична против двајца скопјани, истепале полицајци
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 60-годишниот В.Ф. и 28-годишниот О.Ф., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР. „На 02.10.2023 на крстосница од Качанички пат со булевар „Словенија“ во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници“, соопшти МВР.
Continue Reading
Герасимовски: Го регулираме хаосот со подземните катови на Водно
Советниците на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Герасимовски, донесоа одлука за одредување на височина на нулта плоча за градби кај терени во пад, определена од страна на пристапната сообраќајница, кон дното на парцелата, како пресек на градежната линија со котата на теренот. Со оваа одлука за прецизирање на нултата плоча се намалува можноста за злоупотреба при проектирање и изведување …
Continue Reading
Деспотовски: Отворивме нова програма за поддршка на македонски компании
Домашните средни и големи компании имаат можност да ги зајакнат своите извозни капацитети и конкурентноста на странските пазари, да станат дел од синџирот на набавки кај странските компании во земјава како и да им се зголеми нивната инвестициска подготвеност. ТИРЗ во партнерство со Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светска банка, а поддржани од Швајцарскиот Секретаријат за Економски …
Continue Reading
Левица: Партиските потрчковци на Османи стануваат високи дипломатски претставници
Османи со години се однесува како МНР да е своевина на ДУИ во кое владее распашана банда, велат од Левица. „Целиот негов мандат како министер го проследуваат бројни дипломатски скандали, а изминативе месеци се работи на масовни вработувања и унапредувања во рамки на Министерството, каде единствен принцип за напредување е партиската припадност кон ДУИ. Денес во јавноста протече информација дека …
Continue Reading
Грипот нема да го одложи стартот на второто полугодие, Комисијата препорача проветрување и хигиенски мерки
Во овој момент нема ризик второто полугодие од учебната година да почне навреме, следната недела. Комисијата за заразни болести, која денес препорача маски во здравствените установи и во домовите кои згрижуваат стари лица и забрани посети во болниците и во домовите за стари лица, засега не гледа опасност за школите поради зголемената борјка на заболени од грип. „Учебната година стартува. …
Continue Reading
Пендаровски не презеде обврска да преговара со Грција за пасошите, велат од неговиот кабинет
Претседателот Стево Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот со пасошите и најави дека може да помогне во комуникацијата со Грција, но нема преземено обврска во таа смисла, велат oд Кабинетот на претседателот. Реакцијата следи откако претходно денес премиерот Димитар Ковачевски изјави: „Претседателот на државата презеде обврска да се чуе со претседателката на Грција“. Од Кабинетот додаваат дека предлогот на …
Continue Reading