Налепници „слободна Газа“ на семафорите во Чаир, „Улици и патишта“ со денови не ги одлепува
Семафорите на крстосницата на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош со улицата Ферид Бајрам, на границата меѓу општините Чаир и Бутел, веќе неколку денови се залепени со налепници на кои пишува „слободна Газа“. Залепени се црвеното и зеленото светло во обете насоки на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, па многумина возачи, кога ќе светне зеленото светло, збунети од она што го гледаат, се случува да …
Continue Reading
Над 100 загинати и 170 ранети во експлозиите во Иран: „Ова е тероризам“
Во две експлозии предизвикани од терористички напади загинаа повеќе од 100 луѓе, а стотици се ранети во Иран, на настан по повод годишнината од смртта на воениот командант Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало во 2020 година, објавија иранските власти. Иранската државна телевизија јави за првата, а потоа и втората експлозија за време на годишнината …
Continue Reading
Јакимовски за блокирањето на Буџетот: Загрозено е давањето услуги на граѓаните во Карпош
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска ја предупреди јавноста дека поради блокирањето на Буџетот од страна на дел од советниците, доведено е во сериозна опасност работењето на општината и давањето на услугите на граѓаните во Карпош. Со блокирањето на Буџетот, како што рече Јакимовски, директно се загрозува локалната власт. „За жал можеме да видиме како неодговорни луѓе си играат …
Continue Reading
(Вознемирувачко видео) Луѓето врескаат и бегаат во паника, објавени снимки од експлозиите во Иран, стотина загинати и повредени
Во близина на гробиштата во иранскиот град Керман, одекнаа две експлозии за време на церемонијата по повод четвртата годишнина од смртта на командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало. Иранските медиуми јавуваат дека во средата попладне се слушнале две експлозии во близина на гробот на Сулејмани. Според последните …
Continue Reading
Димитриевски сака да остане во Рајо Валјекано
Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитиревски, влезе во последните шест месеци од договорот со Рајо Ваљекано. Ова значи дека Димитриевски може да започне преговори со други клубови. Рајо Ваљекано и Столе, новата година ја започнаа со победа во „малото градско дерби“, над Хетафе од 2:0. „Среќен сум во Рајо. Имам одлична комуникација со претседателот и сите во тимот. …
Continue Reading
Карпош ја почна годината без изгласан буџет: нема пари за плати, за струја и вода во градинките и училиштата, вработените на протест
Вработените во општинската администрација во Карпош, денеска се собрааа на протест со цел јавно да го изразат своето незадоволство и стравот од последиците поради недонесувањето на Буџетот на Општина Карпош за 2024 година. Причина за тоа, како што велат, е несовесното и противзаконско работење на дел од членовите на Советот, поточно на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Роберт …
Continue Reading
Гази Баба додели 20.000 денари на мајката на првороденото бебе во општината
Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско. За таа цел, денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја посети клиниката за Гинекологија и акушерство каде што се породи мајката. За посетата, градоначалникот информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: „Се роди првото бебе во општина Гази Баба. Првото бебе родено …
Continue Reading
Мицкоски: Искуството покажува дека техничките влади се слаби и преполни со кочења и конфликти, вистинската енергија за промени ќе се случи по изборите и формирање на стабилна влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Прес24 истакна дека досегашното искуство во земјава покажа дека техничките влади се слаби и преполни со кочења и конфликти, како и дека вистинска енергија за промени ќе има после изборите откако ќе има промени и формирање на стабилна влада. – После Водици ќе имаме целосна слика за претстојниот состав. Не се брзаме …
Continue Reading
Ковачевски не гледа политика во апсењето на внукот на Ахмети: Се работи за регуларна проверка, идентификувано е лице со пиротехнички средства
Апсењето на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети откога полицијата го фати со полн багажник пиротехнички средства, за премиерот Димитар Ковачевски нема политичка заднина. Ковачевски за овој случај го дели ставот со институциите. „Мојот став е така како што велат институциите. Се работи за регуларна проверка во која било идентификувано лице кое пренесувало пиротехнички средства и целиот …
Continue Reading