(Вознемирувачко видео) Луѓето врескаат и бегаат во паника, објавени снимки од експлозиите во Иран, стотина загинати и повредени

Вознемирувачко-видео-Луѓето-врескаат-и-бегаат-во-паника-објавени-снимки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во близина на гробиштата во иранскиот град Керман, одекнаа две експлозии за време на церемонијата по повод четвртата годишнина од смртта на командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало.

Иранските медиуми јавуваат дека во средата попладне се слушнале две експлозии во близина на гробот на Сулејмани.

Според последните информации, загинале најмалку 70 лица, а повеќе од 170 се повредени.

На снимката се гледа како амбулантни возила пристигнуваат на местото на настанот и на носилки носат очигледно повредени лица.

„Нашите тимови за брз одговор ги евакуираат повредените… Но толпата ги блокира патиштата“, изјави за државната телевизија Реза Фалах, шеф на Црвената полумесечина во провинцијата Керман.

Властите побараа од луѓето да ја евакуираат областа.

На социјалните мрежи се појавија и други снимки на кои се гледаат дури и жртви кои лежат на улица, како и моментот на експлозијата од друг агол, со звук на луѓе кои панично врескаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK