Ковачевски не гледа политика во апсењето на внукот на Ахмети: Се работи за регуларна проверка, идентификувано е лице со пиротехнички средства

Ковачевски-не-гледа-политика-во-апсењето-на-внукот-на-Ахмети.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Апсењето на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети откога полицијата го фати со полн багажник пиротехнички средства, за премиерот Димитар Ковачевски нема политичка заднина. Ковачевски за овој случај го дели ставот со институциите.

„Мојот став е така како што велат институциите. Се работи за регуларна проверка во која било идентификувано лице кое пренесувало пиротехнички средства и целиот случај е предаден на Обвинителството како и за секој друг граѓанин“, рече премиерот Ковачевски денес, одговарајќи на новинарски прашања по промоција на нова инвестиција во ТИРЗ.

Дрин Ахмети, кој ја брануваше јавноста со купувањето на трговскиот центар „Соравија“ во најстрогиот центар на Скопје со долг од 20 милиони евра, во саботата пред Нова година, полицијата, при рутинска контрола, го фати со полн багажник пиротехнички средства и го приведе, а за настанот беше известен и јавен обвинител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK