Судскиот совет денес ќе бара начин како да ја врати на функцијата претседател бесправно разрешената Весна Дамева

Судскиот свет денес ќе ја разгледува пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет. Советот вчера извести дека кај нив пристигнала пресудата од Управниот суд по која треба да постапат во рок од 30 дена и нема право на жалба. Дамева беше разрешена од функцијата претседател на Советот …

Continue Reading

Оскар Писториус од петок на условна слобода

Оскар Писториус (условно) ќе биде ослободен од затвор во петок, по речиси 11 години откако ја уби својата девојка Рива Стенкамп. Во март 2023 година, Писториус го доби правото да поднесе барање за условно ослободување откако отслужи повеќе од половина од затворската казна. Тој е осуден на 13 години и пет месеци затвор. На 24 ноември доби условен отпуст, кој …

Continue Reading

Од март, поголема минимална плата од 22.500 денари, велат од СДСМ

СДСМ, истакнуваат од оваа партија, го продолжува растот на платите и во 2024 година. Најавуваат дека од месец март следува ново покачување на минималната плата, кое ќе биде 22.500 денари. „Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година. Со праведни и успешни …

Continue Reading

Најмалку 12 загинати во верижен судар на камион и автобус во Индија

Најмалку 12 лица загинаа, а околу 30 се повредени во верижен судар меѓу камион натоварен со јаглен и автобус во средата во областа Голагат во индиската држава Асам, соопшти полицијата, пренесе PTI. Несреќата се случила утрово кога автобус со 45 патници се судрил со камион, изјави началникот на полицијата во Голагат, Рајен Синг за PTI. „Досега загинаа 12 лица. Повредените …

Continue Reading

Израелските министри со барање, Палестинците да се иселат од Газа. САД: Тоа е палестинска земја

САД денеска објавија дека ги „отфрлаат“ коментарите на израелските министри кои се залагаат за враќање на еврејските доселеници во Газа, по актуелната војна, како и за „охрабрување“ на палестинското население да емигрира. „САД ги отфрлаат неодамнешните изјави на израелските министри Безалел Смотрич и Итамар Бен Гвир кои се залагаат за преселување на Палестинците надвор од Газа“, рече портпаролот на Стејт …

Continue Reading

Ужас во Хрватска: 23-годишна девојка со кујнски нож ја нападна нејзината мајка

23-годишна девојка која со кујнски нож тешко ја повреди својата 55-годишна мајка во Хрватска, со кривична пријава за тешко убиство во обид, е предадена на надзорникот на затворот, извести полицијата. Според истрагата, 23-годишната девојка на 1 јануари во својот стан со остар предмет и нанела тешки повреди во ребрата на нејзината мајка, пишува „Вечерњи лист“. Повредената 55-годишна жена е пренесена …

Continue Reading

Казни за 144 возачи во Скопје, 47 возеле над дозволеното

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 144 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење. …

Continue Reading

Борел: Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Русија, која прибегнува кон масовно гранатирање на цивилното население и цивилната инфраструктура на Украина, ќе биде одговорна за овие воени злосторства. „Русија ја започна новата година со истрелување преку сто проектили и беспилотни летала кон Киев, Харков и други градови, гаѓајќи цивили, уништувајќи станбени области и инфраструктура. …

Continue Reading

Расте бројот на загинати во Јапонија, најавените врнежи ќе го отежнат спасувањето

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија утринава се искачи на 64, а властите се обидуваат да им помогнат на преживеаните поради ниските температури и обилните врнежи кои се очекуваат во текот на денот. Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Ното во понеделникот попладне, уривајќи куќи и отсекувајќи ги оддалечените области …

Continue Reading