Судскиот совет денес ќе бара начин како да ја врати на функцијата претседател бесправно разрешената Весна Дамева

Судии-одат-на-увид-со-возила-на-странки-недолично-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Судскиот свет денес ќе ја разгледува пресудата на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет.

Советот вчера извести дека кај нив пристигнала пресудата од Управниот суд по која треба да постапат во рок од 30 дена и нема право на жалба.

Дамева беше разрешена од функцијата претседател на Советот во април минатата година. Членови на советот се посомневаа дека го сокрила писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое го критикува судството, но јавно не го кажаа тоа и како причина и без соодветно образложение на тензична седница со која претседавањето го презема заменик-претседателот  Селим Адеми, надвор од пропишаните постапки беше изгласано разрешување на Дамева. Таа поднесе тужба до Управниот суд кој минатата недела пресуди во нејзина корист, ја поништи одлуката за незјино разрешување и го задолжи Советот да постапи по пресудата. Судската фела, по оваа пресуда, речиси едногласно искоментира дека Дамева треба да се врати на функцијата претседател, а Судскиот совет треба да најде начин како да изведе тоа оти уште веднаш по разрешувањето на Дамева за претседател го избра Сашко Георгиев кој повеќе од половина година ја извршува функцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK