Оскар Писториус од петок на условна слобода

Оскар-Писториус-од-петок-на-условна-слобода.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Оскар Писториус (условно) ќе биде ослободен од затвор во петок, по речиси 11 години откако ја уби својата девојка Рива Стенкамп.

Во март 2023 година, Писториус го доби правото да поднесе барање за условно ослободување откако отслужи повеќе од половина од затворската казна. Тој е осуден на 13 години и пет месеци затвор.

На 24 ноември доби условен отпуст, кој ќе стапи на сила од 5 јануари годинава.

Властите во ноември објаснија дека Писториус ќе го отслужи остатокот од казната преку општествено корисна работа.

Тој постојано ќе биде под надзор и ќе мора да ги следи правилата за условно ослободување додека не му истече казната во декември 2029 година.

Ќе има одредено лице кое ќе го контролира и надгледува неговото однесување и кое ќе му помогне да најде вработување и место за живеење.

Исто така, со решението за условен отпуст е утврдено дека ќе мора да посетува обука како дел од програмата за спречување насилство насочено кон лица од спротивниот пол, а исто така да продолжи со терапии за справување со гневот.

Семејството на убиената девојка, во ноември изјави дека не се изненадени од одлуката на судот. Нејзината мајка нагласила дека верува оти Писториус не е рехабилитиран, но дека не е против негово ослободување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK