„Шпигел“: Во ЕУ се појавува „проруски сојуз“
Очигледно, во ЕУ се формира цел сојуз на „оние што го разбираат Путин“, наведува германскиот весник. Од почетокот на војната во Украина, Унгарија не испорачува оружје на Киев. Сега Словачка исто така одбива да обезбеди воена поддршка за Украина. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува со вето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, како и дополнителен пакет финансиска помош …
Continue Reading
Наставниците во училиште кај Париз штрајкуваат: Тепачките, смртните закани и заканите со силување стануваат вообичаени меѓу учениците
Наставниците во париско училиште почнаа штрајк, оти сметаат дека безбедноста е нарушена. Како што наведоа, причината е тоа што се плашат за своите животи откако ученици од муслиманска вероисповед и нивните родители го изразиле своето незадоволство од наставничката која на децата им покажала ренесансна слика на која се прикажани голи делови од женско тело за време на часот по ликовно. …
Continue Reading
Откриени 7,5 тони кокаин во замрзната туна: уапсени 20 осомничени од Балканот
Шпанската полиција соопшти дека запленила 7,5 тони кокаин од Јужна Америка во северозападното пристаниште Виго, скриен во замрзната туна. Дрогата требало да биде дистрибуирана низ цела Европа, велат од полицијата. Во акцијата на шпанската полиција уапсени се 20 лица припадници на две организации од Балканот, што, според соопштението, е „голем удар“ за една од најсилните дистрибутивни мрежи во Европа, пренесува …
Continue Reading
Официјален претставник на ОН: Газа е пекол на земјата
Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, по посетата на таа палестинска територија, која повеќе од два месеци интензивно ја бомбардира израелската армија, објави дека Појасот Газа е „пекол на земјата“. „Назад во Газа, трагедијата е се полоша и полоша. Луѓето се насекаде, живеат на улица, сè им недостасува. Тие молат да бидат донесени на безбедно …
Continue Reading
Шест атлетичари прогласени за најдобри во светот
Светската атлетика прогласи шест атлетичари за најдобри во светот во 2023 година. Годинава за прв пат беше одлучено да не се избираат само една жена и еден маж, туку да бидат застапени сите дисциплини. Така беа избрани најдобрите во тркачките дисциплини, најдобрите во техничките дисциплини и најдобрите во трките надвор од стадионот. Тигисет Асефа (маратон) Јулимар Рохас (трискок) Фејт Кипјегон …
Continue Reading
Бајден: Го сакам Нетанјаху, но отсекогаш сме имале несогласувања, ги имаме и денес
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека има комплексни односи со израелскиот премиер и пријател Бенјамин Нетанјаху и дека двајцата имале несогласувања и порано, но и денес. Говорејќи на приемот во Белата куќа по повод еврејскиот фестивал Ханука, Бајден потсети на своето повеќедецениско пријателство со Нетанјаху, објави Ројтерс. Тој рече дека напишал порака на стара фотографија од двајцата: „Биби, те сакам, …
Continue Reading
Царинската управа: Одземено товарно возило и стока во вредност од над 92.000 евра
Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа привремено задржаа товарно моторно возило со полуприколка, натоварено со алуминиумски котури во вредност од 92.635,70 евра, откако возачот на возилото – странски државјанин, при влез во Република Северна Македонија на ГП Богородица се обидел на царинскиот орган да му стави на увид транспортно средство на кое е поставено царинско …
Continue Reading
Русите: Постигнавме значителен напредок во јужна Украина
Руските трупи постигнаа значаен напредок во регионот Запорожје, на југот на делумно окупирана Украина, изјави прорускиот гувернер, Евгениј Балицки. Руските сили ги редат нападите долж фронтот по неуспехот на големата летна контраофанзива на Украина и во време кога западната воена помош за Украина е доведена во прашање. „Нашите единици постигнаа значителен напредок североисточно од Новопокривка“, напиша Балицки на „Телеграм“. „Ситуацијата …
Continue Reading
Кремљ се огласи за исчезнувањето на Алексеј Навални
Кремљ нема ниту намера ниту можност да го следи издржувањето на затворската казна на опозицискиот лидер, Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не, немаме ниту намера ниту можност да ја следиме судбината на затвореникот и процесот на неговиот престој во надлежните институции“, рече Песков на прес-конференцијата, пренесе „РИА Новости“. Коментирајќи ги изјавите на Вашингтон за загриженост за …
Continue Reading