Град Скопје отпочна со изградба на новиот мега-парк во Кисела Вода

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска изврши увид во отпочнувањето на градежните работи на новиот мега-парк во општина Кисела Вода. „Со желба и посветеност ја отпочнавме изградбата на четвртиот од 5те мега паркови во Скопје, мега паркот во општина Кисела Вода кој ќе се простира на површина од 52.000 квадратни метри. Со реализација на овој проект кој е дел …

Continue Reading

Шукова и Костадиновска-Стојчевска: Ја унапредуваме животната средина и ги негуваме културните вредности во тетовскиот крај

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беа во работна посета на Општината Тетово, при што направија обиколка на неколку установи кои со поддршка на Владата постигнаа напредок во унапредување на животната средина и во негување на културните вредности во овој регион. Посетата започна со обиколка на новите простории на ЈУ Национален …

Continue Reading

На седница на Влада е утврден текстот на Предлог Законот за правда за децата

Основна цел на законот чиј предлагач е Министерството за правда е остварување на најдобриот интерес на детето. Со него се врши усогласување со директивите на ЕУ што се однесуваат на процедурална заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривичната постапка и за утврдување минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал; Се овозможува воедначување на …

Continue Reading

Османи: Одбранбен геополитички штит за одбрана на либералната демократија преку забрзана евроинтеграција на регионот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, учествуваше на дискусијата, организирана од страна на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) на тема „Како да се убедат Европејците за проширувањето на ЕУ“. Како повод на дискусијата, на која Османи учествуваше заедно со Лике Фрис, копретседавач со ЕЦФР и директор на данскиот тинк тенк Еуропа и Енѓељуше Морина, виш политички аналитичар на …

Continue Reading

Пленковиќ го разреши министерот Филиповиќ, обвинет е за рекетирање на медиумите

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го смени министерот за економија Давор Филиповиќ, откако специјалниот советник на министерот на локалната телевизиска мрежа Мрежи тв. им понудил закуп на рекламен простор од голем број државни фирми и институции, во замена за пари. Транскриптот од разговорот на специјалниот советник Јурица Ловринчевиќ и новинар на ТВ Мрежа е објавен во најновиот број на хрватскиот …

Continue Reading

Шефот на украинскиот воен кабинет: Контраофанзивата не успеа

Украинските надежи за контраофанзива не се остварија, призна највисокиот безбедносен функционер Олексеј Данилов, кој го координира воениот кабинет на земјата. „Ова не значи дека победата нема да биде наша“, додава тој. Киев во моментов се обидува да привлече нови пакети помош од Западот, особено во САД. Данилов смета дека барем некои воени средства „сигурно ќе дојдат“. Во мај, во пресрет …

Continue Reading

Новиот полски премиер Доналд Туск: Приоритет на владата е да ги убеди светските лидери да продолжат со помошта за Украина

Новиот полски премиер Доналд Туск  изјави дека неговата влада ќе работи да ги убеди светските лидери дека е неопходно да се продолжи со пружањето помош за Украина и дека тоа ќе биде приоритет на владата бидејќи, како што наведе, тоа е во интерес на слободниот свет. Туск рече дека е болно за него да слуша како украинскиот претседател Володимир Зеленски …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Проектите на националните установи од областа на културата во Тетово ги поддржуваме со над 14 милиони денари

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посетија Тетово, градот со долга и богата историја и повеќеслојна културна традиција, во која се сплотуваат различните култури на народите што живеат во овој крај. Министерките го разгледаа новиот административен дел од Музејот на Тетовскиот крај каде што за санација на објектот беа …

Continue Reading

Бугарија ја укинува таксата на руски гас во замена за влез во Шенген-зоната

Отпаѓа таксата за транзит на рускиот гас низ Бугарија, која Софија ја воведе на 13-ти октомври годинава и која пред почетокот на грејната сезона предизвика загриженост од зголемување на цените, а реагираа Македонија, Србија и Унгарија. „Блумберг“ во извештајот за изненадното паѓање на бугарската такса потсетува и дека унгарските власти нејзиното воведување го нарекоа „непријателски чекор“ и повикаа на постапка …

Continue Reading