Кривична против 39-годишник од Кавадаречко, се самозадоволувал пред негова сосетка и нејзиното малолетно дете
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 39-годишниот А.З. од кавадаречко село поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „задоволување полови страсти пред друг“, извести МВР. На 02.12.2023 во селото, пријавениот се самозадоволувал пред негова сосетка и нејзиното малолетно дете, соопшти МВР.
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Регулаторната комисија за енергетика нема осет за финансиската моќ на граѓаните
„Новата измислена давачка на Марко Бислимоски е давачката за пристап на мрежа. Нов товар за граѓаните на Македонија, кои едвај врзуваат крај со крај. Денес слушнавме уште една небулоза од РКЕ на СДС: „воведувањето на пристапот на мрежа ќе значи намалување на цената за мрежарината“- според Марко Бислимоски“, велат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали РКЕ непромислено избрза со …
Continue Reading
Кривична против 36-годишник од Чегране и неговата фирма за „загадување на животната средина и природа“
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од село Чегране и 36-годишниот В.С. од село Чегране, управител и сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природа“, извести МВР. – На 23.08.2023 во атар на општина Брвеница, пријавените вршеле складирање и преработка на комунален отпад и непридржувајќи се кон …
Continue Reading
Кривична против тројца малолетници, ограбиле две лица во Градскиот парк
СВР Скопје поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, извести МВР. – На 09.11.2023 во Градски парк, пријавените со закана и со употреба на нож од две лица одзеле пари, соопшти МВР.
Continue Reading
Неколку лица истепале кумановец во угостителски објект во Карпош, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 02.00 часот во СВР Скопје, 24-годишниот Д.Т. од Куманово пријавил дека околу 00.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од 40-годишниот Р.Р. од Скопје и уште неколку лица, кои употребиле и стаклен предмет, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Уапсен скопјанец, нападнал полицајци
Денеска околу 01.20 часот на улица „Народни херои“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.П. од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, извести МВР. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат …
Continue Reading
19-годишник од Беровско се заканувал на малолетничка
Вчера, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Берово извршија службен разговор со 19-годишниот М.Ч. од Беровско, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон малолетничка од Берово, извести МВР. Во разговорот тој го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
Капитенот на Челзи повторно се повреди
Капитенот на Челзи, Рис Џејмс ја повреди тетивата и ќе пропушти неколку натпревари, објави клуб од Стенфорд Бриџ. Рис е еден од тројцата играчи на Челзи кои се повредија на неделниот натпревар против Евертон (0:2) на Гудисон, заедно со голманот Роберто Санчез и левиот бек Марк Кукуреља. Џејмс оваа сезона одигра само осум натпревари во Премиер лигата, а истата повреда …
Continue Reading
Скопјанец пронајден мртов во својот дом
Вчера во 14.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на подрачје на Карпош бил пронајден починат 65-годишниот И.Т. од Скопје, извести МВР. – Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, додаваат од МВР.
Continue Reading