(ВИДЕО) Серхио Рамос си даде автогол, Барса ја победи Севилја

Барселона оствари минимален успех над Севилја славејќи со 1-0. По ова каталонскиот тим се наоѓа на врвот на табелата со бод предност пред Џирона.  Барселона долго се обидуваше да го скрши отпорот на Андалузијците, а во 76.минута автогол си постигна Серхио Рамос. Тој сакаше да блокира, а топката заврши во мрежата на Севилја.

Continue Reading

(ВИДЕО) Борусија Дортмунд го победи Хофенхајм

Борусија Дортмунд оствари триумф на гости против Хофенхајм со 1:3 и се искачи на првата позиција на табелата во Бундеслигата.  Никлас Фулкруг во 18.минута донесе предност за „милионерите“, но израмни Андреј Крамариќ од пенал само седум минути подоцна. Сепак, Борусија Дортмунд замина на одмор со водство од 1:2 откако во 45.минута погоди Марко Ројс. Во финишот од мечот, во …

Continue Reading

Мелони: Италија повеќе не сака да прифаќа мигранти спасени од странски невладини организации

Невладините организации кои спасуваат мигранти во Медитеранот ќе мора да ги симнат во земјите чиешто знаме го веат нивните бродови, особено во Германија, доколку не се најде подобар компромис за статусот на азил и имиграција, изјави италијанската премиерка, Џорџа Мелони, вечерва во Малта. Таа го отфрли амандманот претставен од Германија за статусот и улогата на невладините организации, додека во четвртокот …

Continue Reading

Рама по реакциите за испраќање на КФОР на северот на Косово: „Болно е политичари од лажни профили да манипулираат“

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека КФОР е мисија на НАТО Алијансата, а не окупаторска сила на Србија, нагласувајќи дека реакциите на неговата изјава дека КФОР мора да ја преземе контролата врз северот се болни и смешни. Рама во долга објава на социјалните мрежи изјави дека Владата на Албанија комуницирала со највисоките нивоа на Евроатлантската алијанса за да ја гарантира …

Continue Reading

НАТО испраќа нови сили во Косово

НАТО објави дека одобри дополнителни сили за решавање на актуелната ситуација во Косово, но не го прецизираше бројот и не кажа од кои земји. Судирите избија минатиот викенд меѓу полицијата и вооружените Срби. Косовската претседателка Вјоса Османи ги обвини Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ дека се одговорни за нападот врз косовската полиција на северот од земјата, велејќи во интервју …

Continue Reading

Бомбаш самоубиец се разнесе во чајџилница во Сомалија, загинаа најмалку пет лица

Бомбаш самоубиец се разнесе во петокот во чајџилница во главниот град на Сомалија. Полицијата извести дека загинале пет лица. Групата Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за нападот во порака преку нејзината арапска агенција Шахада. Групата пријави 11 мртви и 18 ранети; нивните бројки за загинатите во напади често се разликуваат од оние на владата. Експлозијата во …

Continue Reading

По 27 години во Лас Вегас уапсен маж за убиството на раперот Тупак

Полицијата во Лас Вегас уапси маж поврзан со убиството на раперот Тупак Шакур пред речиси три децении. Дуан „Кефе Д“ Дејвис призна дека бил на местото на пукањето пред 27 години во кое беше убиен Тупак Шакур, и утрово беше приведен, пишува „АП“. Според „АП“, Дејвис одамна им бил познат на инспекторите и самиот признал во интервјуата и во своите …

Continue Reading

Поплави во Њујорк, прогласена е вонредна состојба

Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба, кога голем дел од областа беше поплавена поради невремето, јавува „Би-Би-Си“. Метро станиците се затворени, а дел од патиштата се под вода. Затворен е и еден терминал на аеродромот Ла Гвардија. За ситуацијата зборуваше и гувернерката на Њујорк, Кети Хочул. „Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд …

Continue Reading

(Видео) Косовската полиција објави како изгледа куќата на Милан Радоичиќ и го спореди со Пабло Ескобар

Косовската полиција од утрово го претресува имотот на Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој организираше акција во селото Бањска во која загинаа четири лица, пренесуваат српските медиуми. Косовскиот министер за полиција Џељај Свеќља објави видео од внатрешноста на вилата на Радоичиќ на брегот на езерото Газиводе, нарекувајќи го Пабло Ескобар од регионот. „Детално и до крај ќе се …

Continue Reading