Вучиќ ќе се обрати на јавноста вечерва во Дневник РТС

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва од 19 часот и 30 минути на Радио-телевизија на Србија ќе и се обрати на јавноста, јави дописникот на МИА од Белград. Според ТВ Н1 и весникот Данас, причината за гостувањето се актуелни теми по двата страшни масакри што и се случија на Србија, како и предложените мерки, но официјално не е објавено …

Continue Reading

Трет ден на жалост во Србија, денеска погреб на тројца настрадани, две девојчиња и натаму во критична состојба

– Во Србија денеска е трет ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Граѓаните ширум Србија им оддаваат почит на жртвите од двете масовни престрелки. Во Дубона денеска ќе бидат погребани три жртви. На белградските гробишта вчера беа погребани четворица ученици и работникот од обезбедувањето во училиштето …

Continue Reading

Верстапен по слабите квалификации во Мајами: Разочаран сум, си го отежнав животот

– Макс Верстапен е незадоволен од својот настап во квалификациите за Големата награда на Мајами. Возачот на Ред Бул синоќа не го заврши првиот обид во третиот сегмент по сопствена грешка, а несреќата на возачот на Ферари, Шарл Леклер не му дозволи повторно да излезе на патеката. Како резултат на тоа, Холанѓанецот стана деветти. – Се обидов да одам до границата, …

Continue Reading

Каевски: Со носењето на законските измени, државата ќе заштеди 150 милиони евра за изградбата на коридорите 8 и 10Д

Предлог законските измени што ги усвои Владата сево насока на обезбедување побрза и поевтина реализација на делниците од коридорите 8 и 10 Д. Но, треба да се знае дека измените на петте закони не се однесуваат само на коридорите, туку и за сите следни проекти во патната и железничка инфраструктура, гасоводи и други проекти кои се од стратешки национален интерес. …

Continue Reading

Јапонскиот премиер во Сеул на средба со јужнокорејскиот претседател

– Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска пристигна во Сеул на средба со јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол, во обид да се надминат тензиите меѓу двете земји. Ова е прв самит меѓу Токио и Сеул што ќе се одржи во Јужна Кореја во последните 12 години. Посетата беше планирана по средбата меѓу Кишида и корејскиот претседател во Токио во март, кога …

Continue Reading

На денот на „станушина” во Кавадарци, стручни предавања од професорките Виолета Димовска и Виолета Иванова – Петропулос

 – Во рамки на манифестацијата „Ден на станушина” денеска во Кавадарци стручни предавања на тема лозаровинарство одржаа професорките Виолета Димовска и Виолета Иванова – Петропулос. Манифестацијата што се реализира втор пат, во организација на Здружението „Тиквешки семејни винарии”, е посветена на единствената автохтона сорта на грозје, што единствено ја негуваат малите винарии. – Со двете професорки  од Земјоделскиот факултет Штип …

Continue Reading

Спасовски: Да се биде полицаец, да се биде припадник на МВР претставува посебна чест и огромна одговорност

– Со посебен пиетет положив цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР, а по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, напиша на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. – Овој ден посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време. За …

Continue Reading

Прв модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

– Викендов во Тетово се одржува првиот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер. -На тема „Кризата на мејнстрим партиите и предизвиците за современата социјалдемократија и современиот политички конзервативизам“, вчера говореа Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за …

Continue Reading

ДУИ: Неодговорно однесување со парите на граѓаните нема да се толерира

Демократската Унија за Интеграција ја информира јавноста дека опозициската ВМРО ДПМНЕ во соработка со Левица активно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции. Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност …

Continue Reading