Прв модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

shkola_lideri_#433353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Викендов во Тетово се одржува првиот модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование, што се реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.







-На тема „Кризата на мејнстрим партиите и предизвиците за современата социјалдемократија и современиот политички конзервативизам“, вчера говореа Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на претседателот Пендаровски за правни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, и Александар Спасеновски, кој е вонреден професор на истиот Факултет. Редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Бобан Мисоски се обрати на тема „Владеење на правото, независност на судството, борбата против корупцијата и заштитата на човековите права како основа за преговорите за членство во Европската Унија“, соопштија од Кабинетот на претседателот.

Поранешната министерка за правда и редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Рената Тренеска-Дескоска одржала предавање на тема „Фер изборен процес – основа на демократијата“, а на тема „Влијанието на пресудите на Европскиот суд за човековите права врз демократските процеси“ своите искуства ги споделила г-а Мирјана Лазарова Трајковска, судијка во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права.

Во петокот, на првиот ден од првиот модул на Школата за политики за 2023, воведни обраќања имале Александар Љ. Спасов и Дона Костуранова, директорка на Фондацијата за демократија на Вестминстер во земјава, а говореле и претставници на Алумните на Школата за политики.

Денеска, во завршниот дел од првиот модул, редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, УКИМ, Ненад Марковиќ ќе се обрати на тема „Политичката култура и авторитарните тенденции во македонското општество“, додека пак Искра Гешоска, советничка на претседателот Пендаровски за прашања од областа на културата и Артан Садику, истражувач, теоретичар и активист ќе ги споделат своите согледувања на тема „Јавни политики и форми на ефективно политичко застапување преку граѓанско учество.“

-Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт“, Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Фондацијата „Конрад Аденауер“, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондацијата за демократија на Вестминстер, Фондацијата „МК2025“, Регионалната канцеларија за младинска соработка „RYCO“ и Фондацијата „Метаморфозис“, наведуваат од Кабинетот на претседателот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK