На денот на „станушина” во Кавадарци, стручни предавања од професорките Виолета Димовска и Виолета Иванова – Петропулос

predavanje_stanushina_vino_3453535
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во рамки на манифестацијата „Ден на станушина” денеска во Кавадарци стручни предавања на тема лозаровинарство одржаа професорките Виолета Димовска и Виолета Иванова – Петропулос.







Манифестацијата што се реализира втор пат, во организација на Здружението „Тиквешки семејни винарии”, е посветена на единствената автохтона сорта на грозје, што единствено ја негуваат малите винарии.

– Со двете професорки  од Земјоделскиот факултет Штип имаме одлична соработка. Иванова Петропулос одржа стручно предавање на тема „Ароматен потенцијал на вина од сортата „станушина”. Димовска, пак,  предавање на тема, „Физичкo -хемиски  карактеристики на маџунот, grape molasses, произведен на традиционален начин, појаснија од Здружението.

Во своето обраќање до гостите на манифестацијата, претседателот на Здружението, Горан Јаковлевски, потсети дека тука, во срцето на Тиквешијата, најмногу е застапена оваа сорта на грозје и вино, споредено со другите региони во државата. Тој појасни дека станува збор за стара македонска сорта, малку подзаборавена во минатото. Јаковлевски информираше кои мали винарии пред 20 години решиле да ја вратат станушината на лозаровинарската сцена.

– Радува фактот што многу семејни винарии од други градови во државата, исто така почнаа да произведуваат вино „станушина”, изјави тој.

Претседателот на здружението се осврна и на достоинственото претставување на ова вино пред љубителите на вино, светската винска публика, но и пред винските критичари. Јаковлевски нагласи дека сите биле воодушевени од нејзината нежност и финиот аромат.

– Свесни сме дека заедно сплотени треба да продолжиме понатаму, да изградиме препознатлив македонски бренд, што во иднина би го продавале ширум светот, подвлече Јаковлевски.

Тој изрази благодарност за поддршката до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и до локалната самоуправа, но и до Слоу фуд, за соработката и поддршката во негувањето на оваа сорта на грозје.

Присутните на настанот, во текот на денот ќе го посетат и Вински музеј Кавадарци.

Во рамки на манифестацијата, попладне најавено е обраќање на министерот за земјодество Љупчо Николовски, за потребата и развојот на малите семејни винарии, како темел за развој на винскиот туризам во државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK