Верстапен по слабите квалификации во Мајами: Разочаран сум, си го отежнав животот

verstapen_53543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Макс Верстапен е незадоволен од својот настап во квалификациите за Големата награда на Мајами.







Возачот на Ред Бул синоќа не го заврши првиот обид во третиот сегмент по сопствена грешка, а несреќата на возачот на Ферари, Шарл Леклер не му дозволи повторно да излезе на патеката. Како резултат на тоа, Холанѓанецот стана деветти.

– Се обидов да одам до границата, направив грешка и кругот мораше да се напушти. Во такви случаи се потпирате на среќата, на тоа дека нема да се појават црвени знамиња, но тоа се случува на градска патека. Малку сум разочаран од себе. Трката ќе биде тешка. Си го отежнав животот, треба да го прифатам тоа, изјави двократниот шампион во Формула 1.

Главната трка во Мајами ќе почне вечер со почеток во 21:30 часот по македонско време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK