Јапонскиот премиер во Сеул на средба со јужнокорејскиот претседател

kishida_jeol_34534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска пристигна во Сеул на средба со јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јеол, во обид да се надминат тензиите меѓу двете земји.







Ова е прв самит меѓу Токио и Сеул што ќе се одржи во Јужна Кореја во последните 12 години.

Посетата беше планирана по средбата меѓу Кишида и корејскиот претседател во Токио во март, кога беше постигнат договор за укинување на меѓусебните трговски ограничувања.

Во последните години, односите меѓу Токио и Сеул паднаа на историски најниско ниво по пресудите на јужнокорејските судови кои им наложија на јапонските компании да плаќаат компензација на корејските работници за принудна работа за време на Втората светска војна.

Проблемите меѓу двете земји датираат од првата половина на 20 век, кога Јапонците ја окупираа Јужна Кореја (1910-1945) и му наложија локалното население принудна работа или проституција во воените бордели.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK