ЕУ бара објаснување од САД за новите царини
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, ги оцени како неосновани обвинувањата на Вашингтон дека ЕУ недоволно ги спроведува забраните за принудна работа, по воведувањето нови американски царини, пренесе Ројтерс. Калас изјави дека Европската Унија не очекувала да биде опфатена со новите мерки и најави дека Брисел ќе побара појаснување од американската администрација. „Имавме договор со Америка …
Continue Reading
Тест-модел на „Опен АИ“ излегол од изолирана средина и хакирал сервери на друга компанија
Тест-модел на „Опен АИ“ за време на интерна проверка на сајбер-безбедност успеал да излезе од изолираното тест-опкружување и да пристапи до сервери на платформата Hugging Face, објави CNN. Претседателот на „Опен АИ“, Грег Брокман, изјави дека компанијата спроведува детална истрага за да утврди како дошло до инцидентот. Според CNN, моделот искористил дотогаш непозната ранливост во софтвер од трета страна, пронашол …
Continue Reading
(Видео) Украински дронови погодија логистички центри на „рускиот Амазон“
Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот …
Continue Reading
САД воведуваат нови царини за десетици трговски партнери, меѓу нив Европа, Кина и Индија
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претстави нов план за оданочување на увозот, како одговор на одлуката на Врховниот суд кој претходно оваа година ги блокираше неговите најагресивни царини. Трамп тогаш најави дека ќе најде други начини за спроведување на својата трговска политика, објави Си-ен-ен. Канцеларијата на американскиот трговски претставник соопшти дека од петок во 00:01 часот по локално време …
Continue Reading
Дел од Центар денес без струја
Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 11:30 часот и ќе ги опфати корисниците од улицата „Белградска“.
Continue Reading
Австриска вечер на „Охридско лето“
Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. По нивниот одличен настап на …
Continue Reading
Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска
По неколкуте успешни гостувања на одлични солисти и ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист на вечерта. Професионализмот и големиот …
Continue Reading
Голем пожар во Франција: eвакуирани околу 20.000 луѓе, изгореа 3.400 хектари
Околу 20.000 луѓе се евакуирани од југозападна Франција, каде што голем шумски пожар продолжува да се шири низ регионот Жиронд, јавува BBC. Огнената стихија досега уништила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон. Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 700 пожарникари, а најголем дел од евакуираните се туристи сместени во кампови на полуостровот Леж-Кап-Фере. Властите соопштија дека …
Continue Reading
Велика Британија по заканите од Иран: Подготвени сме да се браниме од секој напад
Британската влада соопшти дека вооружените сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад, откако Иранската револуционерна гарда го предупреди Лондон поради дозволата американски бомбардери да користат британски воени бази. „Обединетото Кралство е подготвено 24 часа на ден, седум дена во неделата да се брани“, изјави портпарол на британската влада. Тој нагласи дека одбраната се темели на повеќеслоен …
Continue Reading