Велика Британија по заканите од Иран: Подготвени сме да се браниме од секој напад


depositphotos_151002610_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската влада соопшти дека вооружените сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад, откако Иранската револуционерна гарда го предупреди Лондон поради дозволата американски бомбардери да користат британски воени бази.


„Обединетото Кралство е подготвено 24 часа на ден, седум дена во неделата да се брани“, изјави портпарол на британската влада.

Тој нагласи дека одбраната се темели на повеќеслоен систем за противвоздушна и противракетна заштита, во координација со сојузниците во НАТО.

Предупредувањето од Иран уследи откако новиот британски премиер Енди Барнам потврди дека останува во сила договорот со САД за користење британски воени бази во рамки на колективната самоодбрана на регионот.

Британската влада соопшти дека договорот се однесува на американските операции насочени кон уништување ракетни позиции и воени капацитети поврзани со нападите врз бродови во Ормутскиот Теснец.

Лондон порача дека останува посветен на заштитата на своите граѓани, интереси и сојузници, но и на избегнување поширока ескалација на конфликтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK