(Видео) Украински дронови погодија логистички центри на „рускиот Амазон“


pozar-ruski-amazon-screenshot-2026-07-24-080907.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори.


Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот врз логистичкиот центар во Новосаратовка се повредени три лица.

Од Wildberries информираа дека привремено е запрена работата во погодените логистички центри, а поради нападите биле одложени и околу 50 летови на аеродромот Пулково.

Според Kyiv Independent, ова е петти напад врз објекти на компанијата во изминатата недела. Претходно беа пријавени напади и пожари во магацини во Симферопол, Воронеж, Краснодар и Ставропол.

Украинската војска засега не ги коментираше нападите, а Kyiv Independent наведува дека не може независно да ги потврди информациите и тврдењата на руските власти. Според проценките на аналитичари, економската штета би можела да изнесува најмалку 100 милијарди рубљи, односно околу 1,2 милијарди долари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK