(Видео) Невреме и пожари во Грција
Поплави на Пелопонез и голем пожар на островот Скирос ги ставија грчките служби за цивилна заштита пред сериозен предизвик за време на викендот. Силно летно невреме во саботата го погоди регионот Мани, во југозападниот дел на Пелопонез, предизвикувајќи поплави и проблеми на патиштата и инфраструктурата. За околу два часа наврнале 140 литри дожд на квадратен метар во источниот дел на …
Continue Reading
Пожар во хотел во Албанија, повредени се шест лица
Повеќе туристи се повредени во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин“ во приморскиот албански град Валона, при што петмина од повредените се туристи од Косово, а еден е албански државјанин. Петмина од повредените биле пренесени на лекување во Тирана, додека еден од нив е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца пациенти се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка …
Continue Reading
Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени. – Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко. Лицата биле приведени затоа …
Continue Reading
Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30 до 40 Палестинци секоја ноќ“
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир еден од најесктремните десничарски политичари во владејачката коалиција на Бенјамин Нетанјаху, јавно заговара убивање 30 до 40 луѓе во Газа секој ден. Тој тоа го изјави во подкаст-разговор со Ром Браславски, поранешен заробеник во Газа. Двајцата разговараа за опоравувањето на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Бен-Гвир критикуваше и …
Continue Reading
Влегол кај девојката, ѝ го скршил телефонот, па ја тепал
Триесет и седумгодишен гостиварец е лишен од слобода откако прво вербално ја нападнал својата 32-годишна девојка во нејзиниот дом, а потоа ѝ го одзел и искршил мобилниот телефон и физички ја нападнал пред зградата. Инцидентот се случил на 15 август околу 23:20 часот, кога полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода И.Д. (37) од Гостивар. Според пријавеното, …
Continue Reading
Заталкани куршуми оштетиле гаража и завршиле во двор во Драчево и Студеничани
Два одделни случаи со заталкани зрна од огнено оружје биле пријавени во СВР Скопје во текот на вчерашната вечер, при што во едниот случај било оштетено покривното платно на гаража. Во 20:45 часот, 39-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека во близина на неговата куќа, на подрачјето на Драчево, пронашол заталкано зрно од огнено оружје. Само 25 минути подоцна, во 21:10 …
Continue Reading
Со остар предмет се заканувал на вработена во обложувалница, 20-годишник приведен во Бит Пазар
Дваесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако, според пријавата, со остар предмет се обидел да ограби вработена во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар. На 15 август, околу 19:45 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (20) од Скопје, по претходна пријава дека во обложувалницата ѝ се заканувал на вработената со остар предмет со намера …
Continue Reading
Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан
Повеќе од 700 камиони натоварени со меѓународна хуманитарна помош пристигнаа во Авганистан преку Пакистан и покрај речиси целосното затворање на границата меѓу двете земји, кои се во конфликт една со друга, соопштија денеска ОН. Конвојот е натоварен со „храна и основни хуманитарни производи“, изјави Олга Черевко, портпаролка на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (OCHA) во Авганистан. „724 …
Continue Reading
Тешко повредени тројца српски државјани во сообраќајка кај Битола
Тројца српски државјани се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на патот Битола–Прилеп, кај местото викано „Петилеп“. Несреќата била пријавена во 17:09 часот во СВР Битола, а во неа учествувале патничко возило бмв со српски национални ознаки, управувано од 46-годишниот Б.С. од Белград, и патничко возило опел …
Continue Reading