„Филипче е без црвени линии и ја релативизира бугарската негација на Македонија додека држи европска реторика, а соработува со бизнисмени со проруска ориентација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче уште еднаш и тоа од пред гробот на Гоце Делчев потврди дека е спремен да ги распродава националните интереси исто како неговиот ментор Заев, само за да си ја зачува фотелјата на Бихачка и да дојде до власт. Филипче кажа дека „Бугарија не го негира идентитетот на Македонија“ и покрај отвореното негирање на Бугарија на идентитетот, на Гоце …

Continue Reading

Трамп: Цените на горивата ќе паднат многу брзо

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера повтори дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје, пренесува Анадолу. „Не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, рече Трамп на собир на мали бизниси во Белата куќа. Неговите изјави доаѓаат откако Централната команда на американската војска (CENTCOM) објави дека разорувачите со водени ракети на американската морнарица моментално дејствуваат во …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Османи од Брисел: Европскиот пат блокиран, Охридскиот договор се урива

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, реализира дводневна работна посета на Брисел, каде одржува средби со високи претставници на европските институции и на Европскиот парламент. Првиот ден, вчера, започна со средби со Емануел Жиофре, Директор за Европа во Европската служба за надворешна акција (EEAS), и Валентина Суперти, Директорка за Западен Балкан во DG NEAR на Европската комисија, како …

Continue Reading

Финскиот претседател: Украинската армија е стратешки ресурс што Европа мора да го искористи

Финскиот претседател Александар Стуб изјави во Прага дека Европа треба да го промени својот пристап кон Украина и да почне да размислува за тоа што земјата може да понуди на европската безбедност, а не само за помошта што ја добива. Зборувајќи заедно со чешкиот претседател Петр Павел, Стуб нагласи дека Украина, благодарение на искуството на бојното поле, е важен стратешки …

Continue Reading

(Видео) Сензација во Шефилд – Јизе Ву ја освои титулата

Јизе Ву стана вториот најмлад играч кој ја освои титулата светски шампион во снукер, откако го победи Шон Марфи со 18:17 во спектакуларно финале. Во натпревар полн со драма, Ву и Марфи го одиграа првото финале решено во последниот фрејм од 2002 година, кога Питер Ебдон го победи Стивен Хендри. Ова е четврти пат од 1977 година и преместувањето на …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова се сретна со романскиот претседател: Силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан. Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхашките критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во …

Continue Reading

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека Соединетите Американски Држави ризикуваат катастрофална глобална штета ако нивните лидери ги напуштат основните човечки вредности. Обама ги даде коментарите во интервју објавено во понеделник во списанието „Њујоркер“, во кое индиректно се осврна на заканите на претседателот Доналд Трамп кон Иран. Во статија насловена како „Барак Обама ја разгледува својата улога во ерата на …

Continue Reading

Залудна историска партија на Вембањама, „Волците“ славеа во Тексас, Њујорк ја декласира Филаделфија

Минесота и Њујорк и Њујорк со победи ги отворија конференциските полуфинални натпревари. Минесота, во драматичен натпревар направи брејк во Сан Антонио, победи со 104:102, додека Њујорк ја декласира Филаделфија со 39 поени разлика. Минесота во драматичен меч победи во Тексас и покрај тоа што Виктор Вембањама одигра историски натпревар. Францускиот центар забележа трипл-дабл со 11 поени, 15 скокови и дури …

Continue Reading

(Видео) Голем украински напад: eксплозии на длабочина од 1200 километри во Русија

Украинските сили извршија голем ракетен и беспилотен напад врз неколку руски региони во текот на ноќта, погодувајќи објекти важни за рускиот воено-индустриски комплекс, според руските канали на Телеграм. Фотографиите и снимките објавени на социјалните мрежи од локалните жители наводно покажуваат пожар во објектот на АД ВНИИР-Прогрес во Чебоксари. Објектот е државен институт кој произведува компоненти за високопрецизно оружје што го …

Continue Reading