Зеленски: Ублажувањето на санкциите кон Русија го охрабрува Путин да продолжи со нападите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за ублажување на санкциите против Русија, оценувајќи дека таа му дава дополнителен поттик на рускиот претседател Владимир Путин да ја продолжи војната. Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека одлуката доаѓа во време кога Русија ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура, со цел да предизвика прекин на …
Continue Reading
Мечка нападнала мајка која го носела синот на училиште во Романија
Жена од округот Ковасна во Романија е тешко повредена откако била нападната од мечка додека со својот син одела кон училиштето. Детето успеало да побегне неповредено, а жената била пренесена во болница, каде што итно била оперирана, објави романскиот портал „Диги24“. Нападот се случил во селото Залан, во општината Бодок. Кога мајката и детето забележале дека мечката им се приближува, …
Continue Reading
Србија ги продолжи ограничувањата на цените на горивата до крајот на годината
Владата на Србија го продолжи важењето на мерките за ограничување на малопродажните цени на горивата до 31 декември, со што ќе продолжи регулирањето на цените на евро дизелот и евро премиум бензинот БМБ 95. Со измените на уредбата, максималната малопродажна цена на двата нафтени деривати, со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ), ќе се пресметува врз основа на просечната големопродажна …
Continue Reading
Јемен: Најмалку 124 загинати и 327 повредени во нападите од почетокот на септемвриската ескалација
Најмалку 124 лица загинале, а 327 биле повредени во нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз Јемен од 3 септември, кога дошло до ескалација на конфликтот, соопшти јеменското Министерство за здравство. Според наводите на Министерството, во изминатите 24 часа биле извршени 101 воздушен и ракетен напад врз цивилна инфраструктура низ земјата, пренесува „Прес ТВ“. Овие бројки се наведени од …
Continue Reading
40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше
Четириесет години по најголемата нуклеарна катастрофа во историјата, научниците анализираат радиоактивни честички исфрлени од Чернобил за да утврдат колку од расфрланото нуклеарно гориво останало и во каква состојба се наоѓа. Разбирањето како овие честички ги издржале децениите изложеност на временските услови е важно за безбедноста на идните нуклеарни централи, но и за проценката кога луѓето ќе можат да се вратат …
Continue Reading
Трамп сакал океан да го носи неговото име, но Гугл го одбил
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот им раскажувал на своите поддржувачи за наводниот обид еден од океаните да го добие неговото име, откривајќи дека Гугл ја одбил неговата идеја. Говорејќи на предизборен митинг во сојузната држава Џорџија, Трамп рекол дека на претставниците на интернет-гигантот им предложил Атлантскиот или Тихиот Океан да биде преименуван во „Океан Трамп“. Според неговото раскажување, претставниците …
Continue Reading
САД спречиле извоз на иранска нафта вредна 25 милијарди долари и замрзнале криптовалути од 350 милиони долари
Соединетите Американски Држави со помош на поморска блокада го спречиле Иран да извезе нафта во вредност од 25 милијарди долари, а помогнале и во замрзнувањето криптовалути во вредност од 350 милиони долари што му припаѓаат на Техеран, соопшти синоќа командантот на американските сили на Блискиот Исток, адмиралот Бред Купер. Во видеоснимка објавена на платформата Икс, Купер навел дека американските сили …
Continue Reading
Четири лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите во Турција
Четири лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што ја погодија Турција. Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради најавените обилни врнежи и силен ветер. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, пренесува денеска „Хуриет“. Во Истанбул се очекуваат …
Continue Reading
Дмитријев: Суспензијата на новите санкции против Русија е историски момент
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира примената на новите санкции против Русија претставува „важен и навистина историски момент“, оцени Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство. Дмитријев на Телеграм наведе дека таканаречениот закон на Греам, именуван по американскиот сенатор Линдзи Греам, би можел сериозно да ја загрози економската соработка меѓу …
Continue Reading