Дмитријев: Суспензијата на новите санкции против Русија е историски момент


12975424.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира примената на новите санкции против Русија претставува „важен и навистина историски момент“, оцени Кирил Дмитријев, специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство.


Дмитријев на Телеграм наведе дека таканаречениот закон на Греам, именуван по американскиот сенатор Линдзи Греам, би можел сериозно да ја загрози економската соработка меѓу Русија и САД, со последици и за американската економија и за светските пазари.

Според него, економската соработка меѓу двете земји би можела да придонесе за глобалната стабилност и да создаде основа за градење доверба и постигнување траен мир.

„Наместо санкции и конфронтација, потребни ни се дијалог, заемно корисна соработка и заедничка одговорност за глобалната стабилност“, порача Дмитријев.

Трамп со извршна наредба ја суспендираше примената на новите мерки, кои требаше да стапат во сила на 18 октомври. Законот предвидуваше санкции за руски субјекти, ограничувања за нови американски инвестиции во Русија и мерки поврзани со увозот на руски ураниум.

Предвидени беа и царини од 100 отсто за стоките од земјите што купуваат руска нафта, како и дополнителни казнени мерки што би можеле да ја погодат меѓународната трговија со руски енергенси.

Трамп ја образложи одлуката со оценката дека суспендирањето на мерките во овој момент е во национален интерес на Соединетите Американски Држави, но јавно не ги објасни причините за потегот. Претходно, сепак, зборуваше за можноста за купување руски дизел со цел да се намалат глобалните цени на енергенсите.

Суспензијата се однесува на новите мерки предвидени со законот и не значи автоматско укинување на претходно воведените американски санкции против Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK