Годишната инфлација во Црна Гора достигна 5,2 отсто, највисоко ниво од април 2024 година
Цените на горивата во Црна Гора во септември биле за 32,3 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Превозот поскапел за 18,5 отсто, а одржувањето и поправките на станбените објекти за 12,9 отсто. Цените во рестораните и кафулињата, пак, пораснале за 6,9 отсто. Годишната инфлација достигнала 5,2 отсто, што е највисоко ниво од април 2024 година, покажуваат податоците …
Continue Reading
Анкета: Речиси 70 отсто од Французите ги поддржуваат протестите поради растот на трошоците за живот
Речиси седум од десет Французи, односно 69 отсто од испитаниците, ја поддржуваат мобилизацијата против растот на трошоците за живот, додека 65 отсто сметаат дека протестите треба да се организираат веднаш, наместо да се чекаат претседателските избори во април следната година, покажува истражувањето на институтот „Елаб“ за телевизијата БФМ. Според анкетата, објавена на 16 октомври, 36 отсто од испитаниците изразиле поддршка …
Continue Reading
(Видео) Голем шумски пожар во Калифорнија, наредена евакуација на околу 4.600 луѓе
Наредби за евакуација се издадени за делови од округот Оринџ во американската сојузна држава Калифорнија, каде што брзо се шири шумскиот пожар „Норте“. Најмалку шест куќи се оштетени или уништени, а во гаснењето учествуваат стотици пожарникари, соопштија локалните власти. Според податоците на противпожарната служба, евакуацијата опфаќа околу 4.600 луѓе, додека речиси 16.000 жители се наоѓаат во загрозеното подрачје. Во гаснењето …
Continue Reading
(Фото+видео) Најмалку осум загинати и 60 повредени во руски напади врз Украина, над еден милион луѓе останаа без струја
Најмалку осум лица загинаа, а 60 се повредени во руските напади врз повеќе делови на Украина во петокот. Погодени се и два трговски центри, додека нападите врз енергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија за повеќе од еден милион луѓе, соопштија украинските власти. Во нападите врз три реони во источниот град Харков загинале 71-годишна жена и 58-годишен маж, …
Continue Reading
Трамп ги одложи санкциите против Русија, расте јазот меѓу Вашингтон и Киев
Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја одложи примената на дел од санкциите, ограничувањата и царините поврзани со Русија, само неколку дена пред тие да стапат во сила врз основа на закон потпишан минатиот месец. Одлуката доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Киев и предизвика критики од американски законодавци, додека европските сојузници изразуваат загриженост за натамошната поддршка …
Continue Reading
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Кефалонија во Грција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Кефалонија, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина. Земјотресот се случил во 2:57 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од пет километри, на околу 11 километри од островот Итака и 93 километри од градот Патра. Според сведоштва објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот …
Continue Reading
Нови правила за банкоматите во Германија: ќе има гласовни инструкции и попрегледни екрани
Банкоматите во Германија треба да станат попристапни за лицата со оштетен вид, постарите граѓани и луѓето со намалена подвижност, согласно законските правила за подобрување на пристапноста. Новите уреди треба да овозможат полесно и посамостојно користење, со гласовни инструкции и попрегледни екрани. Измените се однесуваат на новите банкомати што се поставуваат, а целта е корисниците да можат безбедно да подигнуваат готовина …
Continue Reading
(Видео) Ескалација на Блискиот Исток: танкер со над два милиони барели нафта експлодирал во Ормускиот Теснец, ракети погодија аеродром во Јемен
Две ракети паднале во областа на меѓународниот аеродром во Аден, на југот на Јемен, додека воената коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала балистичка ракета насочена кон градот Јанбу на брегот на Црвеното Море, важен центар за извоз на нафта. عاجل وخطير Aden🚨 انفجارات عنيفة تهز مقر قيادة القوات السعودية في معسكر بدر بعدن باستهداف المعسكر ومخازن الأسلحة وعشرات …
Continue Reading
Во Брвеница утре се бира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат на предвремените локални избори за избор на градоначалник, а денеска своето избирачко право го остваруваат болните и изнемоштените лица. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 88 болни и изнемоштени лица. Во Избирачкиот список за десетте населени места во општината се запишани вкупно 16.256 избирачи. Од нив, 449 се …
Continue Reading