Завршена првата рунда преговори меѓу Иран и САД во Швајцарија

Првата рунда од преговорите меѓу Иран и САД денеска е завршена во Швајцарија, при што иранските медиуми соопштија дека во оваа фаза не се разговарало за иранската нуклеарна програма. Според иранската државна телевизија ИРИБ, првата сесија траела околу 80 минути и била фокусирана на меморандум за разбирање со 14 точки, со посебен акцент на ситуацијата во Либан. Во меѓувреме, потпретседателот …

Continue Reading

Трамп тврди дека Стармер ќе се повлече од функцијата премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка, обвинувајќи го за неуспеси во имиграциската и енергетската политика. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл, Трамп напиша дека Стармер „ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, додавајќи дека сериозно потфрлил во двете области – имиграција и енергија, со посебен акцент на експлоатацијата …

Continue Reading

Откажани и одложени летови во Цирих поради мировните преговори САД–Иран

Tехнички проблем во контролата на летање, предизвикан од вонредните безбедносни мерки за мировните преговори меѓу САД и Иран, денеска предизвика колапс во авиосообраќајот на аеродромот во Цирих. Швајцарските воздухопловни власти соопштија дека дефектот во меѓувреме е отстранет, но доцнењата сè уште траат. Безбедносна зона воведена во последен момент Според официјалното соопштение на швајцарската контрола на летање „Скајгајд“, дефектот настанал во …

Continue Reading

Боливија покажува знаци на нормализација по 50 дена протести и блокади

Во Боливија денеска се забележани првите знаци на враќање кон нормално функционирање по речиси 50 дена протести и блокади, откако властите и демонстрантите постигнаа повеќе договори за деблокада на клучните патни правци. Еден ден по прогласувањето вонредна состојба од страна на претседателот Родриго Паз, боливиското Собрание со големо мнозинство усвои уредба со која се предвидува обновување на сообраќајот и снабдувањето …

Continue Reading

За 20 минути возење со такси му наплатиле 90 евра

Со почетокот на туристичката сезона во Хрватска повторно се актуелизираа поплаките за високите цени на такси-превозот, а едно искуство од Задар предизвика бројни реакции во јавноста. Хрватка за „Слободна Далмација“ раскажала дека нејзиниот син минатата недела пристигнал со автобус од Риека во Задар, од каде требало да продолжи кон аеродромот. Иако постои автобуска линија до аеродромот, поради страв дека нема …

Continue Reading

(Видео) Маж скокна во Неретва и исчезна под водата, спасен во последен момент

Непознат маж бил спасен откако скокнал во реката Неретва кај Стариот мост во Мостар и исчезнал под површината на водата, јавуваат регионалните медиуми. Според информациите, инцидентот предизвикал вознемиреност кај бројните туристи и граѓани кои се наоѓале во близина на мостот, но благодарение на брзата реакција на членовите на Клубот на скокачи и кајакарскиот клуб, избегната била трагедија. На снимка објавена …

Continue Reading

Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не го запре Хезболах

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова закана кон Иран, предупредувајќи дека САД повторно ќе извршат силни напади доколку Техеран не ги запре своите сојузници во Либан. Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушл“, Трамп директно се осврна на Хезболах, проиранската вооружена група која со месеци разменува оган со Израел. „Иран мора веднаш да ги запре своите скапо платени сојузници во …

Continue Reading

(Видео) Големи пожари во Грција: евакуирани населени места на Сирос и Евија, силниот ветер го отежнува гаснењето

Голем пожар избувна денеска на грчкиот остров Сирос, во областа Ампела, каде што огнот зафатил ниска вегетација и сува трева. Според грчката противпожарна служба, силните ветрови значително ја отежнуваат интервенцијата на пожарникарите и придонесуваат за брзо ширење на пламените јазици. Во гаснењето на пожарот учествуваат десет пожарникари со три противпожарни возила, додека од воздух се ангажирани два авиона и три …

Continue Reading

Британската влада ги демантира шпекулациите за оставка на Стармер

Британскиот министер за економија, Петер Кајл, изјави дека нема причина да се верува дека премиерот, Кир Стармер, планира да поднесе оставка, откако весникот „Обсервер“ објави дека наводно се очекува негово заминување. Кајл за „Скај њуз“ изјави дека во петокот имал долг и искрен разговор со Стармер и нагласи дека премиерот останува фокусиран на водењето на државата. Тој додаде дека станува …

Continue Reading