Лишени од слобода 20 возачи за безобѕирно управување, дел без возачка, дел под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, полициските службеници лишиле од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, 16 управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и еден малолетник, додека четири лица биле затекнати како возат под дејство на алкохол. Според податоците, во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола, при што едно од …

Continue Reading

СДСМ поднесе 82 амандмани за законите за судска и јавнообвинителска служба

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба, по, како што наведуваат, темелна анализа и консултации со синдикатите и претставниците на правосудните служби. Според партиското соопштение, амандманите се поделени во неколку категории: – 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба; – 27 амандмани се поднесени за Законот …

Continue Reading

(Видео) Трамп со жестока закана до Иран: „Ако го затворите Ормутскиот теснец, нема да имате држава“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, упати остро и експлицитно предупредување до Техеран да не се обидува да го затвори стратешкиот Ормуски теснец, пренесува „Фокс њуз“. „Затворете го и повеќе нема да имате држава. Нема ни да можете да се вратите во вашата земја“, изјави Трамп во коментар упатен до иранските официјални лица. Американскиот претседател додаде дека САД би можеле да …

Continue Reading

Иран одбил заедничко фотографирање со американската делегација во Швајцарија

Иранската делегација одбила заедничко фотографирање со американската делегација за време на состанокoт во Швајцарија, јави иранската агенција Тасним, повикувајќи се на извор близок до преговарачкиот тим. Според истиот извор, американската делегација и организаторите на состанокот планирале заедничко ракување и официјална церемонија на фотографирање. Сепак, шефот на иранскиот преговарачки тим се спротивставил на ваквиот протокол, поради што фотографирањето било откажано. Првата …

Continue Reading

Завршена првата рунда преговори меѓу Иран и САД во Швајцарија

Првата рунда од преговорите меѓу Иран и САД денеска е завршена во Швајцарија, при што иранските медиуми соопштија дека во оваа фаза не се разговарало за иранската нуклеарна програма. Според иранската државна телевизија ИРИБ, првата сесија траела околу 80 минути и била фокусирана на меморандум за разбирање со 14 точки, со посебен акцент на ситуацијата во Либан. Во меѓувреме, потпретседателот …

Continue Reading

Трамп тврди дека Стармер ќе се повлече од функцијата премиер

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува британскиот премиер Кир Стармер да поднесе оставка, обвинувајќи го за неуспеси во имиграциската и енергетската политика. Во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл, Трамп напиша дека Стармер „ќе поднесе оставка од функцијата премиер на Обединетото Кралство“, додавајќи дека сериозно потфрлил во двете области – имиграција и енергија, со посебен акцент на експлоатацијата …

Continue Reading

Откажани и одложени летови во Цирих поради мировните преговори САД–Иран

Tехнички проблем во контролата на летање, предизвикан од вонредните безбедносни мерки за мировните преговори меѓу САД и Иран, денеска предизвика колапс во авиосообраќајот на аеродромот во Цирих. Швајцарските воздухопловни власти соопштија дека дефектот во меѓувреме е отстранет, но доцнењата сè уште траат. Безбедносна зона воведена во последен момент Според официјалното соопштение на швајцарската контрола на летање „Скајгајд“, дефектот настанал во …

Continue Reading

Боливија покажува знаци на нормализација по 50 дена протести и блокади

Во Боливија денеска се забележани првите знаци на враќање кон нормално функционирање по речиси 50 дена протести и блокади, откако властите и демонстрантите постигнаа повеќе договори за деблокада на клучните патни правци. Еден ден по прогласувањето вонредна состојба од страна на претседателот Родриго Паз, боливиското Собрание со големо мнозинство усвои уредба со која се предвидува обновување на сообраќајот и снабдувањето …

Continue Reading

За 20 минути возење со такси му наплатиле 90 евра

Со почетокот на туристичката сезона во Хрватска повторно се актуелизираа поплаките за високите цени на такси-превозот, а едно искуство од Задар предизвика бројни реакции во јавноста. Хрватка за „Слободна Далмација“ раскажала дека нејзиниот син минатата недела пристигнал со автобус од Риека во Задар, од каде требало да продолжи кон аеродромот. Иако постои автобуска линија до аеродромот, поради страв дека нема …

Continue Reading