Британската влада ги демантира шпекулациите за оставка на Стармер


kir-starmer-depositphotos_751819872_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот министер за економија, Петер Кајл, изјави дека нема причина да се верува дека премиерот, Кир Стармер, планира да поднесе оставка, откако весникот „Обсервер“ објави дека наводно се очекува негово заминување.


Кајл за „Скај њуз“ изјави дека во петокот имал долг и искрен разговор со Стармер и нагласи дека премиерот останува фокусиран на водењето на државата.

Тој додаде дека станува збор за шпекулации и оти Стармер, како и досега, е посветен на работата и на предизвиците со кои се соочува земјата.

Шпекулациите за неговата иднина се засилија откако политичкиот ривал, Енди Барнхам, обезбеди позиција што му овозможува да покрене формална постапка за преземање на партиското лидерство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK