(Видео) Есенска бура ја погоди Германија, има тешко повредени и прекини во железничкиот сообраќај
Првата есенска бура што годинава ја погоди Германија предизвика материјална штета и повреди на западот и југозападот на земјата. Екипите на пожарникарите и полицијата денеска продолжуваат со отстранување на паднатите дрвја и гранки, додека во некои области жителите привремено останаа без електрична енергија. Две лица се тешко повредени вчера попладне, откако силен налет на ветер урнал конструкција во близина на …
Continue Reading
(Видео) Серафимовска Борозан: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните
„Секој нов месец има нови поскапувања. Од наредната година се најавуваат и нови покачувања на струјата и парното. Во Европа се предупредува на нов удар поради раст на трошоците за енергија. Многу земји веќе преземаат мерки, само Владата на Мицкоски не прави ништо“, изјави Маја Серафимовска Борозан на денешната прес-конференција на СДСМ. Таа обвини дека Владата цела година ги оставила …
Continue Reading
Жоржињо паднал на допинг тестот?
Поранешниот италијански репрезентативец Жоржињо (34) наводно бил позитивен на допинг, објавија бразилските медиуми. Веста прв ја објави новинарот Тијаго Асмар, а се појави пред реваншот од полуфиналето на Копа Либертадорес, во кој Фламенго беше елиминиран од аргентинскиот Естудијантес на пенали. Двата полуфинални натпревари завршија 0:0, а Естудијантес победи со 3:2 на пенали на „Маракана“ во четвртокот. Жоржињо беше еден од …
Continue Reading
Ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се враќаат еден час назад
Зимското сметање на времето почнува ноќеска, кога стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Во 3 часот по полноќ, времето ќе се врати на 2 часот, со што граѓаните ќе добијат еден час повеќе за спиење. Промената се врши во согласност со правилата за сезонско сметање на времето, а истата практика ја применуваат и повеќето европски земји. За …
Continue Reading
Уапсена мајката на осомничениот за терористичкиот напад во Франција, во неговиот стан пронајдена експлозивна замка
Мајката на осомничениот за терористичкиот напад во француските градови Трап и Ла Верјер, во департманот Ивелин, била уапсена синоќа, неколку часа по нападот, објави телевизијата БФМТВ. Нејзиниот 39-годишен син, идентификуван како Кевин Т., е осомничен дека во петокот околу 10:30 часот, од автомобил отворил оган со автоматско оружје по улиците на двата града. Во нападот загинал еден маж, а пет …
Continue Reading
Санчо во Хетафе за 25 пати помала плата од онаа што ја имаше во Манчестер Јунајтед
Џејдон Санчо некогаш беше еден од најбараните фудбалери во светот, а на 26-годишна возраст го фаќа последниот воз за да ја спаси својата кариера. Крилниот напаѓач од Англија му се придружи на Манчестер Јунајтед во летото 2021 година во трансфер вреден 85.000.000 евра по одличниот период во Борусија Дортмунд, каде што постигна 49 гола и забележа 53 асистенции во 125 …
Continue Reading
Во Словачка почнаа локалните и регионалните избори, право на глас имаат 4,41 милион граѓани
Избирачките места во Словачка утрово се отворија во 7 часот за локалните и регионалните избори, на кои граѓаните ќе избираат градоначалници, општински и градски советници, како и претседатели и членови на регионалните власти. Гласањето ќе трае до 20 часот. Право на глас имаат речиси 4,41 милион луѓе, а изборите се спроведуваат на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и …
Continue Reading
(Видео) Финалистите од минатата сезона, Њујорк и Сан Антонио се уште се без победа
Финалистите од минатата сезона во НБА лигата, Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс, сезоната ја започнаа со два порази. Спарс во дербито на Тексас загубија од Хјустон 114:110, додека шампионите Њујорк паднаа во Бостон 107:103. Виктор Вембањама доби блокада во последниот напад на Сан Антонио, а потоа Ван Влит од линијата за слободни фрлања стави точка на натпреварот. Алперин Шенгу …
Continue Reading
Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ
Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во емисијата Надворешна-Светот во дијалог на МРТ дискутираше за меѓународните односи на државата и посочи дека Македонија е добро позиционирана и по однос на стратешкото партнерство со САД, но и по однос на политичко-економската поврзаност со ЕУ и земјите од регионот. „Јас мислам дека Македонија е добро позиционирана и по однос …
Continue Reading