Клубови од Саудиска Арабија до 2023 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери

Саудиската влада им обезбеди на локалните клубови околу 20 милијарди евра за трансфери на фудбалери до 2030 година, објави новинарот Бен Џејкобс. Вчера се дозна дека Ал-Хилал му понудил на ПСЖ да го купи напаѓачот Килијан Мбапе за 300 милиони евра. Договорот на Французинот ќе вклучува плата од 700 милиони евра годишно и заминување во 2024 година во Реал Мадрид. …

Continue Reading

Алкараз за победата над Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон: Да бидам искрен, тоа го направив за себе, а не за тениските поколенија

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги сподели емоциите од победата на Вимблдон. Тој во финалето вчера го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со 3:2. – Да бидам искрен, тоа го направив за себе, а не за тениската генерација која надоаѓа. Да се ​​победи Новак во неговиот врв на кариерата, во ваков натпревар, да се испише историја, да се биде првиот човек што …

Continue Reading

Ивановски се квалификува на Челинџерот во Романија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победа попладнево над домашниот претставник Дан Томеску избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши. Ивановски (362 на АТП листата) триумфираше над Романецот Томеску (692) со 2-0 во сетови (7-6(9), 7-6(5), во маратонски дуел што траеше два часа и 50 минути. Ова за Ивановски со вчерашната победа …

Continue Reading

Град Скопје домаќин на Европско првенство во одбојка

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, потпишаа меморандум за соработкa за организација на натпревари во групата  „Ц“  на Европското првенство во одбојка 2023 (мажи) во Скопје. Како што информираат од Град Скопје, од 30 август до 6 септември Скопје е …

Continue Reading

Втор пораз на македонските кошаркарски кадети од Бугарија

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз и во вториот контролен натпревар во Скопје против Бугарија, која со пресврт во завршницата обезбеди триумф од 73-63. Македонските кошаркари влегоа во завршната четвртина со предност од 52-46, но Бугарија со серија од 17-5 го сврте резултатот во своја корист и на крајот забележа победа со двоцифрена разлика. Најефикасен во македонските редови и …

Continue Reading

Македонските јуниорки ги почнаа подготовките за ЕП во Софија

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација денеска означи почеток на подготвителниот период за настап на Европското првенство во Б дивизијата. Избраничките на селекторката Јелена Антиќ ќе тренираат во Скопје во следните нешто повеќе од 30 денови, а ќе одиграат и неколку пријателски натпревари пред заминувањето за бугарската престолнина Софија каде ќе настапат на ЕП во Б дивизијата за кошаркарки до 18 …

Continue Reading